Има само еден фудбалер на планетава кој има дадено гол на Светско првенство за две различни репрезентации. Има играно и за Барса и за Реал, и за Звезда и за Динамо. Хрват за кој душа даваат Делии.
Двомечот од квалификациите за ЛШ меѓу Динамо З. и Вардар ги присети актерите на некои други времиња и донесе неколку необични моменти. Како на пример тоа дека десната рака на тренерот на „Модрите" има и друга професија.
Шпанскиот прволигаш Гранада смислил оригинален начин за да ја претстави новата опрема за новата сезона. Ги облекле главните три споменици пред Градската куќа во дресовите и шорцевите на клубот.
Најдобриот скејтер на сите времиња, Американецот Тони Хоук раскажува за вечерта пред да го изведе неверојатниот потег „900“ кој никој никогаш не го направил. Важи за најголема легенда на екстремните спортови.
Навивач на Атлетико Мадрид, извесен Сули пливал цел километар на Ибица, за да стигне до јахтата на Меси после што Аргентинецот му ја исполнил желбата да се сликаат, иако дечкото пливал со мобилниот во џеб.
И покрај големите притисоци од режимот на Чаушеску да ги напуштат Игрите во Москва во 1981. година, младата Надја Команечи се спротивставува и решава да оди до крај. Станува петкратен Олимписки првак и симбол на отпорот во Романија.
Една од најголемите сензации во историјата на фудбалот се случила на Мундијалот во 1966. година кога анонимната Северна Кореа ја победила Италија 1:0 и ја елиминирала од Светското. Севено Корејците првпат во историјата влегле во четвртфиналето каде чудесно после 25’ минути воделе 0:3 против Португалија. На голема жал на илјадниците Англичани и Европјани кои навивале за нив, Еузебио во вториот дел им дава 4 гола и Португалија оди во полуфинале со 5:3.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Да си тренер на Топџиите кај што треба да се расправаш со навивачите зошто не можеш 12 години да освоиш титула, треба да им бараш и оправдание на играчите кои се отсутни или да не им даваш толку одмор. Сезоната почнува за 25 дена. На Емирати е полупразно со играчи.
Бесплатните Вип спортски школи се одржуваа два пати неделно во Вип базен и на Вип тениските терени во рамките на Спортскиот центар “Борис Трајковски”, а ги раководеа реномирани спортски тренери од Пливачката школа БЕТА и тренери од Тениската школа Борис Трајковски.
Пред 100.000 гледачи на Маракана во Белград се играл реваншот на Купот на Куп победниците меѓу Црвена звезда и Реал Мадрид. Мечот го одбележил витешкиот дуел меѓу Џајиќ и Камачо кој минува со навивачко „оле" од трибините.
Кина постави цел: пласман на Мундијал и Олимписки Игри и освојување на Светско првенство. За таа цел не жалат пари и минуваат низ вториот бран астрономски трошења во фудбалот.
Некогашниот најголем талент на европскиот фудбал, Џо Кол во англиската Премиер лига за последен пат го видовме на 2. мај 2015 година кога потпиша со Астон Вила. Набрзо Вила го прати во трета дивизија каде до мај годинава играше за Ковентри. Во моментов игра за американскиот второлигаш Тампа Беј во лига со 9 клубови од САД, 2 од Канада и 1 од Порто Рико.
Главното прашање е дали ќе успеат успешната играчка кариера да ја повторат и како тренери. Многу од поранешните фудбалери кои се решиле да облечат одело и да мавтаат со раце крај аут линијата раскажуваат дека е многу полесно да си на теренот отколку покрај него.
Во стилот на синот на еден наш познат политичар кој се прослави со хеликоптер на Градски стадион, така фудбалскот клуб Феенорд на стадион покажува што пазарел секое лето.
Ако ви се здосади да барате термин во балон или да чекате ред во некое маалско игралиште каде поголемите од вас секогаш имаа предност, побарајте мочуриште и пробајте се со кал до колена.
Играат Портланд Тимберс и Сиетл Саундерс во западната конференција на МЛС Лигата. Тоа е доволен повод навивачите на Портланд да измислат хорор сцена со Фреди Хругер.
Ако се погледнат имињата кои ова поднебје ги извади во последните неколку години, тогаш е сигурно дека една заедничка кошаркарска селекција ако ништо друго барем би можела да му парира на Дрим Тимот во големите финалиња и во Европа да биде најдобра.