Рамстор во возбудлив натпревар до победа над Македонски Телеком

Рамстор, Фабрика Карпош и Пекабеско победија во вториот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Пекабеско со звукот на сирената до победа над Еуролинк
Еуролинк 2-3(1-1) Пекабеско
Еуролинк: Ивица Стефковски 8’ Филип Блажевски 22’
Пекабеско: Слободан Игнатов 5’ Дејан Неделковски 33’ Бобан Вујиќ 38’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Еуролинк и Пекабеско. Натпреварот го отвори екипата на Пекабеско која преку Игнатов во петтаа минута успеа да поведе со 1-0. Екипата на Еуролинк по три минути игра успеа да ги консолидира своите редови и преку Стефковски да го израмни резултатот на 1-1. Во понатамошниот дел од полувремето ниту една од екипите не успеа да постигне гол па на полувремето се отиде со израмнет резултат од 1-1. На самиот старт на второто полувреме екипата на Еуролинк преку одлично изработен контра-напад кој го реализираше Блеажевски поведе со 2-1, но во 33-та минута Пекабеско преку Неделковски израмни на 2-2. Во последните минути од напреварот екипата на Пекбеско притисна кон голот на Еуролинк и успеа да постигне гол преку Вујиќ кој и ја донесе победата од 2-3.

Фабрика Карпош во второто полувреме го скрши отпорот на Факом
Факом 2-4(2-2) Фабрика Карпош
Факом: Мартин Митковски 7’ Игор Бојчовски 14’
Фабрика Карпош: Александар Божиков 8’ 18’ 28’ Игор Николовски 24’

Во првото полувреме од натпреварот екипите на Факом и Фабрика Карпош играа доста отворено со брзи проигрувања преку кои успеаваа да дојдат до отворена шанса за гол, и двете екипи во текот на целото полувреме водеа израмнета борба. Екипата на Факом преку Митровски во седмата минута дојде до водство од 1-0, но Фабрика Карпош го имаше расположениот Божиков кој во осмата минута успеа да постигне два гола и ја донесе Фабрика Карпош до водство од 1-2. Факом не се предаваше па преку Гојчевски успеа да стигне до 2-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика карпош преку одлично изработен напад успеа да го скрши отпорот на факом и преку Николовски 24-та и Божиков 28-та дојде до водство од 4-2 со кој резултат се заврши овој натпревар.

Рамстор во возбудлив натпревар до победа над Македонски Телеком
Македонски Телеком 1-3(0-1) Рамстор
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 26’
Рамстор: Ибрахим Бекир 18’ Зоран Алексовски 34’ 40’

Екипите на Македонски Телеком и Рамстор одиграа натпревар во кој беше ставен акцент на одбраната. Се играше цврсто и на двете страни во текот на целото прво полувреме и двете екипи не дозволуваа да се дојде до отворена шанса за гол. Екипата на Рамстор успеа да искористи една грешка во додавањето на Македонски Телеком па од контра-напад преку Бекир во 18-та минута успеа да дојде до водство од 0-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком успеа да израмни на 1-1 преку Лазаревски, но Рамстор ги консолидира своите редови и преку Алексовски во 34-та и 40-та минута дојде до победа од 1-3.

9 ноември 2016 - 09:12