Пред неколку дена, авторитетниот новинар Џо Сејвард раскажа за необичните гласини околу тоа дека американската коперација Епл (Apple) е подготвена да го купи пакетот акции во главниот Ф1 шампионат. Колку има вистина во тоа?
Францускиот репрезентативец Н`Голо Канте е само еден од фудбалерите кои низ историјата направиле скап трансфер по само една фантастично одиграна сезона. Примери има многу, ќарот е голем, а дали толку вредат е тешко за анализирање.
Кога имал 17 години на турнир во Буркина Фасо го забележале скаутите на Еспањол на кои оние од Јувентус и Севиља им викале дека малиот е „тактички дибидус“. Тимот од „Мадригал“ за него доби 40 милони од „Олд Трафорд“ летово.
Одбојкарската репрезентација на Србија синоќа во финалето на Мундиналот во Полска го совлада Бразил со 3:0 и по шест одиграни финалиња стана Светски првак за прв пат во својата историја. Вака изгледаше еден од нивните тајмаутите предводени од нивниот селектор Никола Грбиќ.
Франко Барези го освои Мундијалот во 1982-та како млад 22 годишен фудбалер. Но посакуваше уште еден со кој ќе се простеше од фудбалот како ветеран на 34 години на СП 1994. Неговиот очај низ еден разговор татко - син.
Ако пред десетина години го гледаа како семоќен, денес „Uncle Fester“ е предмет за подбивање. Од лето во лето патува ко бајаги да договори трансфер, а се враќа со празни раце поради што навивачите на Милан сакаат да си оди од клубот што побрзо.
Сестрата на Роналдо ги објасни неговите солзи за време на финалето, поранешниот напаѓач на Ливорно кажа зошто го баталил Твитерот, Лотито продолжи да објаснува за Биелса, а жената на Икарди кажа колку пари одбиле од Кина. 10-те највпечатливи изјави според Газета.
Кеита Балде летово медиумите го пренесоа во Реал Мадрид, но покрај недоразбирања со клубот почна да тренира. Прво изјави дека ќе доцни на подготовките со образложение дека е разочаран од некои постапки на раководството, а со тоа се претпоставуваше дека и ќе си замине. Но 21 годишниот напаѓач на Лацио им се приклучи на колегите во Ауронцо, а поздрав од него до македонскиот фан клуб на Лацио обезбеди Горан Рецко Наумоски кој ни го испрати ова видео од Италија.
Паралимпијадата Рио 2016 започнува на 7. септември со церемонијата на свеченото отворање и ќе трае до 18 септември. Ќе се одвива на легендарниот стадион Маракана, ќе учествуваат 175 земји а комплетните Игри ќе имаат 526 настани.
Хуан Пабло Карицо се испентари на оградата и му се сипа на навивачот, но еден од редарите го спречи. Голманот на Интер влегол како замена во второто полувреме на пријателскиот меч меѓу Интер и ЦСКА Софија на местото на Хандановиќ и не можел повеќе да ги трпи навредите. Бугарите победија 2:1.
Некогашниот омилен голман на навивачите на Интер, Французинот Себастијан Фреј буквално за неколку минути задоцнил да оди на прославата по повод Денот на падот на Бастилја во Ница и го избегнал терористичкиот напад со камион.
Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челси годинава добија нови тренери, Раниери посакува опстанок и не се истрчува со изјави исто како лани, а пари во кладилница се ставаат на Барнли.
Позната е онаа стара фотографија од Златан Ибрахимовиќ како лежи и чита за неговиот идол од кој има закачено и постер. Но има и едно видео на таа тема кое ќе остане легендарно.
Се чини дека по успешниот пат на Работнички лани, сега Шкендија оди успешно во Лигата на Европа. Во случај да го минат Нефчи Баку од Азербејџан, фудбалерите на македонскиот вицешампион во следната рунда ќе играат против чешкиот претставник Млада Болеслав.
Еден од најдобрите играчи од златната генерација на Лацио кој го освои Скудетото во 2000 година му одговори на претседателот на клубот за обвинувањата.
Наместо јахти на Ибица и Кипар за кои се одлучија многу играчи кои играа на Европското, голманот на Италија реши со партнерката Иларија Д’Амико да оди на летување во Марина ди Маса, во регионот Тоскана. Додека се враќал од плажа, Џиџи решил да влезе да поигра со децата на локалниот терен и ги израдувал.
Среќата на овосезонската ждрепка за квалификациите за ЛШ очигледно доцна стигна за Вардарци кои ќе треба да направат чудо во Загреб за во следната фаза додат до полесен противник и да обезбедат евентуална Лига на Европа.
Тоа се тие неодамнешни видеа по кој ги пука страшна носталгија навивачите на Милан. Фали уште да го видиме лицето на коментаторот кој се губи од радост на оваа луда десница на Сидорф.
Откако му открија леукемија, односно рак на крвните зрнца, Стилијан Петров долго време лежел во болница, не можел да ги види децата, ниту да помисли да се врати во фудбалот. Четири години после терапијата пак заигра за првиот тим на Астон Вила.