Манчестер Јунајтед конечно заигра добро и рутински со 1:3 го совлада Свонси на гости. Ибрахимовиќ даде два гола од кои првиот беше 25.000-от погодок од основањето на Премиер лигата во 1992. година. Кога му кажале после мечот, изјавил: „Ах, јас помислив дека сум единствениот кој дал 25.000 гола“.