Ден посветен на омилениот Италијанец на Стемфорд Бриџ

„Пред точно 20 години го потпишавме еден од најдобрите наши играчи во историјата“, напиша Челси на своите официјални профили на социјалните мрежи за легендарниот Џанфранко Ѕола.

„Не знам дали Италијанците во Англија ќе помогнат да се подобри играта. Сè што сакам е да го направам Челси подобар“, изјави Ѕола во ноември 1996 година откако за сума од 4,5 милиони фунти направи трансфер од Парма во Челси, предводен од Руд Гулид.

Асистираше, постигнуваше евроголови и освои 6 трофеи. Видеото со спомени срочени во 40 секунди кое го објави денеска клубот, за само еден час го видоа над 500.000 луѓе и редеа коментари исклучиво со суперлативи.

И за навивач кој навива 56 години за Челси нема појак од Ѕола.

Еве го тој гол кој не се заборава

Челси на својот веб сајт најави дека во чест на 20 годишнината од потпишување на Ѕола, денеска ќе емитува неколку емисии за него.

8 ноември 2016 - 15:23