Фенербахче славеше со 3:1 на гостувањето против Акхисар Беледијеспор, но резултатот од овој натпревар беше во сенка откако Робин Ван Перси легна на теренот со крваво око, а првичните информации беа дека ќе остане без него и кариерата ќе му заврши.
Клубот демантира и излезе со соопштение дека холандската ѕвезда ниту останал без око, ниту ослепел, туку дека заработил исекотина на очниот капак која му ја сошиле по што ќе нема никакви последици.
Турските медиуми објавија и видео на кое Ван Перси лежи на носилки, наместо со амбулантно возило веднаш да биде пренесен во болница. Но проблемот бил во тоа што домаќините на средбата не побарале да има амбуланта на самиот терен и морале да повикаат брза помош.
Ван Перси беше еден од стрелците на средбата и откако во 26 минута го отвори резултатот, само 13 минути подоцна мораше да го заврши мечот поради повредата.
И во Мундо Депортиво испаничија дека Ван Перси го загубил окото.