Koj e Трамп, а која Хилари во фудбалот

Бидејќи утринава сите читатели ќе се лепат на веста за новиот избор на претседател во САД и ќе успееме да ги натераме да читаат спорт само ако напишеме дека Меси потпиша за Реал Мадрид, ете и ние ќе бидеме ин. На некој му текнало да склепа неколку фудбалски фотомонтажи од познати моменти на кои Трамп е победникот, а Клинтон лузерот, но бил спремен и за обратното.

Хилари во улога на Џерард кога Ливерпул ја загуби титулата

Трамп во улогата на Шевченко кој го шутна последниот пенал против Буфон во финалето на ЛШ 2003-та.

И уште две фотомонтажи кои очигледно се направени пред да завршат изборите во САД.

9 ноември 2016 - 09:45