Селекцијата на Бразил во четврток ја пречекува Аргентина во Бело Хоризонте каде немаат играно уште од болниот пораз од Германија 7:1. Иако се работи за огромно ривалство меѓу двете селекции, Нејмар во пресрет на квалификацискиот меч си ги викна клупските колеги во сопствениот авион и заедно ја летнаа за Бразил. Кул потег.