Како трансферот на Педро во Челси спаси мал клуб со долгови

Сигурно немате слушнато за фудбалски клуб по име Сан Исидро, освен ако сте биле на одмор на Канарските острови или во кладилница играте четврти лиги. Епа тоа што лани Педро направи трансфер во Челси целосно му ја промени иднината на овој анонимен клуб.

Како и кај многу малу клубчиња, така и кај Сан Исидро парите се најголем проблем бидејќи спонзорите даваат малку или воопшто ги нема. Се работи за клуб од четвртата шпанска лига со стадион од 2.500 седишта локализиран на Канарските острови.

„Во последните три сезони откако сум претседател на клубот поминав низ неколку трансфер ембарга. Кога го презедов беше во долгови од 300.000 евра и сега должи само 22.000 во социјална сигурност и плус имаме земено кредит од градежна компанија“, вели претседателот на клубот Џејми Лоренцо.

Тој се обидел да го извади клубот од проблематичните финансиски води, но не можел да направи ништо во споредба со тоа што го направи Роман Абрамович за неговиот клуб.

Благодарение на „механизмот за тренирање и солидарност“ на ФИФА, фактот дека Педро Родригез играл за овој клуб до 17 години, значи дека Сан Исидро ќе добие 450.000 евра од трансферот на Педро во Челси.

Шпанскиот нисколигаш се гордее што нивното дете стана Европски и Светски шампион со Шпанија, како и со неговите три титули во Лига на шампиони и пет во Ла Лига, но ова што им се случи им носи светла иднина.

Освен што клубот со овие пари може да ги расчисти сите долгови кои ги имаат, веќе направија и одлична стратегија која сметаат дека ќе им биде одржлива за подолги патеки.

„Ќе купиме неколку станови и ќе ги изнајмуваме со што ќе му гарантираме на клубот пари. Тоа значи дека нема да бидеме зависни од субвенциите на локалните власти. Ќе одржиме генерално собрание со цел да напишеме во статутот дека овие станови нема да можат да се продаваат и ниту да се користат како хипотека. Од нив ќе вадиме меѓу 5 и 6.000 евра месечно.

Педро Родригез беше дел од Масија и потоа беше стандарден играч на Барселона со која за 8 сезони освои вкупно 20 трофеи, но кариерата како дете ја почна Сан Исидро каде се крстат во него, во Челси и во правилата на ФИФА.

Во август минатата сезона направи трансфер во Челси вреден 23,6 милиони евра.

10 ноември 2016 - 12:15