Слалом на Тавареш кој се проби како воз, пета на Чауна, голчиште на Педро. Лацио не престанува да импресионира сезонава и после 4 неверојатни дена во кои два пати го победи Наполи, се прошета во Амстердам каде славеше со 1:3. Педро продолжува да се забавува на 37 години и ова му е четврти гол сезонава во Лига Европа, плус има уште 3 во Серија А. Играчина.