Од натпревар во натпревар, ударното трио на Каталонците се разбира сè подобро во нападот и тоа во идеалниот момент од сезоната, кога финишот е сè поблизу.
Сепак, тоа не е ништо ново за Барселона, затоа што откако Пеп Гвардиола ја превзема Барса пред неколку години нешто се смени во нападот на тимот од Ноу Камп. Аргентинецот експлодираше под водство на Гвардиола, а тоа ги поттикна и неговите соиграчи да играат многу поефикасно. На пример, Самуел Ето, Тиери Анри и Лео Меси беа дел од незаборавниот напад на Барса кој го победи Реал 2:6 на Сантиаго Бернабеу во 2009. година.
Анри, Ето и Меси таа сезона заедно постигнаа неверојатни 101 гол. Лионел даде 38 во сите натпреварувања, Ето 37, а Анри 26. Ништо послабо Меси не играше ниту со Давид Виља и производот на академијата на Барса, Педро Родригез. Меси со нивна поддршка даде 53 голови во една сезона.
Со Меси, Нејмар и Луиз Суарез, Барса сезонава е жива во сите три натпреварувања, а до крајот играат во финалето на шпанскиот Куп против Билбао, 12 натпревари во Ла Лига и најмалку уште еден во Лигата на шампионите (го чекаат Сити во реваншот). На 33 средби сезонава, Нејмар даде 26 голови и изјави дека Барселона е спремна да освои сè сезонава.
Ако се случи триото Меси, Нејмар, Суарез да го престигнат досегашниот рекорд, тоа ќе значи и нови трофеи за Барса, која лани остана со празни раце.