Гаел Монфис

Љубителот на археологијата игра во животна форма

30-годишниот Французин Гаел Монфис според многумина ја игра најуспешната сезона во животот и првпат во кариерата ќе се појави на турнирот на најдобрите 8 тенисери во годината Barclays ATP World Tour Finals во Лондон.

Тенисот за него не е работа

Монфис често го обвинуваат дека на некои натпревари прави лудак и циркузант од себе, не доигрува до крај и лефтерно ги удрира топчињата. Тоа можеби може да се објасни со фактот што тенисот за него е доволно необичен за да го сфати професионално.

„Не знам како да го објаснам тоа. За мене тенисот е спорт, не работа. Понекогаш тенисот ме лути, а сакам да останам на теренот. Знам дека е грубо кога зборувам така, но понекогаш просто не ме интересира. Важни ми се мечевите, но не ми е гајле за други вести од тенисот“, вели харизматичниот Монфис.

Годинава за несериозност го обвини Џон Мекинро којшто не ја сфати необичната тактика на Французинот во полуфиналето од US Open против Новак Ѓоковиќ. И Гаел го прими тоа многу болно.

„Жал ми е кога ми спочитуваат непрофесионализам, затоа што работам, учам. Неуспеси има и ќе има, но јас станувам после нив. Срамота е ова што го слушнав, овие зборови го погодија целиот мој тим“.

Специфичноста во играта на Монфис најубаво се виде, на пример, кога во еден од своите најдобри мечеви во кариерата на Мастерсот во Париз 2004. загуби од Лејтон Хјуит.

„Изгубив 3:6, 6:7, но мене овој меч ми е најдраг во кариерата поради спомените, атмосферата, навивањето“, вели Монфис.

Супер-јуниор и атлета

Можно е Монфис да го обвинуваат за непрофесионализам затоа што на луѓето им е тешко да разберат како човек со така огромни способности не освоил речиси ништо. Во 2004. година Гаел освоил три јуниорски Грен Слема. Секако јуниорските успеси не му гарантирале триумфи и во сениорските денови.

На тенисерите често им фали физичка издржливост во третиот или четвртиот сет, но за Монфис тоа никогаш не било проблем. Во младоста се занимавал со атлетика а аден од тренерите говорел дека ако продолжи вака, Гаел би можел да трча на Олимписко ниво. Од друга страна, Монфис никогаш не бил маратонец а тенисот понекогаш бара такво ниво на издржливост.

Вистина е дека Гаел се смета за еден од физички најдобро подготвените тенисери на турот. Како и многу играчи од АТП листата и Гаел сака тенис. Освен тоа, Монфис го користел слободното време кога не игра на турнирите да танцува. Дека го бидува за игра покажа во 2014. година кога неговиот денс дуел со Лорен Локоли стана најдобар момент на „Ролан Гарос“ таа година:

Повреди

Друга причина поради која Монфис бележи скромни успеси е тоа што е склон на повреди. За време на својата кариера, Гаел постојано има проблеми со грбот, со колената, со зглобовите и со рамената. Мастерсот во Париз годинава го пропушти поради проблем со пневмонија.

Но тоа не го спречува Монфис да ги возвраќа ударите од противниците. Понекогаш и на ефектен начин како што го покажува Eurosport во најавите за големите турнири. Самиот Французин вели дека во таквите моменти не го движи желбата да ја насмее публиката, напротив.

„Меѓу нас ако зборуваме, јас не сум идиот тоа да го правам од забава затоа што приземјувањето е тешко, а јас не сум Железен човек. Драго ми е што луѓето го сакаат тоа, но не го правам тој удар од забава“, раскажува најдобриот француски тенисер во моментов. 

Играта на Монфис е мошне интересна за гледање, но тој сфаќа дека не е ефективна. На пример кога го прашале да прокоментира дали Ѓоковиќ игра досадно, тој одговорил: „Мислам дека игра убаво. Публиката мисли дека е досаден. Да бидам искрен и јас би играл така ако знам дека ќе победам на крајот“.

Монфис сега работи со шведскиот тренер Микаел Тилстрем кој што му помагаше на трикратниот Грен Слем првак, Стен Вавринка.

„Го прашав Гаел еднаш да ми каже неколку тренери со кои сака да работи, а тој ми го спомна Тилстрем. Му се обратив на Микаел пред некоја година но тој одби. И Гаел не сакаше да го прашувам одново, затоа што мислеше дека Тилстрем не сака да работи со него“, вели Вавринка.

На крајот, конечно ги споил двајцата и таа соработка станала многу успешна. Пред почетокот на сезоната, Гаел признал дека веќе е во години кога нема простор да губи време. Одлучил да се сконцентрира на играта и помалку да зборува со новинарите.

Како резултат на работата со новиот тренер, Гаел стигна до четвртфиналето на Australian Open и полуфиналето на US Open и ја игра најдобрата сезона на Грен Слемовите (и покрај поразот во првото коло на Вимблдон и отсуството од Ролан Гарос).

Оваа 2016-та беше најуспешна во кариерата на Французинот. Во Монте Карло првпат после 2010-та стигна до финалето, а освен тоа играше и во полуфиналето на Торонто и четвртфиналето на Индијан Велс и Мајами.

Монфис првпат во кариерата ќе настапи и на турнирот на најдобрите 8 тенисери во Лондон. Можеби на крајот тој не верувал дека ќе успее но како одговор на неговиот учинок, на Твитер постираше фотографија од неговиот скор во 2016-та и прашање: For real???

Како што му приличи на бунтовниот гениј, Монфис има широк спектар на интереси. На прашањето што би сакал да работи по завршувањето на кариерата, тој одговорил дека би пробал се:

„Ме интересира на пример, историја. И археологија исто. Би било супер да патувам и да се занимавам со археологија. Исто би сакал да откријам нов вид на музика. Сакам француски рап и ошто француска музика“.

Ако Гаел сака да стане музичар, веќе има контакти во шоу-бизниот. На пример заедно со Новак Ѓоковиќ се појавија во спотот за песната Hello - најуспешниот сингл во кариерата на францускит ди-џеј и продуцент Мартин Солвег.

10 ноември 2016 - 14:38