Само нам да не ни се случи ова

Италијанските љубители на фудбалот ќе останат без нешто што не би сакал да остане ниту еден фудбалски навивач, а тоа е правото да гледа фудбал на интернет без пари.

Во Италија се случи најголемата операција во историјата на интернетот откако судот од Рим нареди конфискување на 152 веб сајтови кои нудат емитување на бесплатни фудбалски натпревари и филмови.

Наредбата се должи на тоа што овие сајтови кои нудат гледање фудбал преку стриминг се пиратски и ги кршат законите за заштита на авторските права.

„Со оглед на бројот, се работи за најголемата конфискација на сајтови во историјата на италијанскиот интернет. Претходно најголемиот број на портали кои беа одземени во една операција беше 124 сајтови“, вели адвокатот Фулвио Сарцана кои работи за мрежни оператори.

Италијанците како и во многу други земји во светот мора да се претплатат за да гледаат фудбал на телевизија, а истото важи и за домашното првенство. Умре времето и кај нас кога на Телма ја следевме Серија А, а еден долг период имавме на тацна преноси од сите топ 5 европски лиги.

Сега чарето го бараме кај кабелските оператори и сателитските, а најголемиот избор е на интернет. Италијанските медиуми ја објавија целата листа на сајтови кои ќе им бидат запленети, а меѓу нив ги има hahasportst.tv, rojadirecta.tv и batmanstream.com за кои сме чуле дека во Македонија се гледа фудбал.

Се надеваме дека нашите власти НЕМА да го следат примерот на Италија.

Листата ја имате тука.

9 ноември 2016 - 13:00