На преминот од ’80-те и ’90-те години, Џими Гривз и поранешниот фудбалер на Ливерпул и шкотски репрезентативец, Јан Сент Џон воделе многу популарна емисија за фудбал „Сент&Гривзи“.
Една зима отишле во Њујорк каде се извлекувала ждрепката за квалификациите за Светско првенство 1994. година. Двајцата решиле таму да ги извлекуваат паровите за претстојното 5-то коло од Лига Купот. (тогаш Рамбелоус Куп) Некои од продуцентите им предложил да снимаат во една сала од Трамп Тауер каде при ждрепката им помогнал самиот Доналд Трамп.
Сент Џон признал дека Доналд се однесувал со нив со почит затоа што биле поранешни фудбалери и експерти. Но во смисла на играта, тој немал претстава што е тоа Лига Куп.
„Сум играл некогаш на колеџ, ама ние тука го викаме сокер“, срамежливо додава од вчера новиот шеф на најмоќната светска држава.
Трамп тогаш ни крив ни должен го извлекол најголемото дерби на англискиот фудбал меѓу Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед.