Offside

Џонгкуч Мак има 18 години. Настапува за Австралија каде се доселил со неговите родители од Јужен Судан. Во моментов е висок 2.29 сантиметри со голема веројатност да расне уште повисок. Има само два сантиметри помалку од рекордерот по висина во историјата на кошарката Манут Бол.

За кого навивале светските диктатори

Клубовите со кои се поврзуваат најголемите диктатори најчесто со зацрвенети образи одбиваат да прифатат било каква поврзаност со нив, но општо е познато дека познатите светски диктатори сакале да гледаат фудбал.

Иле ја тресна и Сампдорија

Македонскиот напаѓач продолжува со одличните игри во Серија А. Нова мета на Илија Несторовски ова коло беше Сампдорија за трет гол во Италија и трет на гости кој го постигна во 60 минута од мечот. Одбраната на Палермо за жал попушти дури во 95-та минута за конечни 1:1.

Најдобриот пеналџија на светот брани за Валенсија

Кога еден голман ќе одбрани 19 пенали од 41 меѓу кои и оние изведени од Меси, Кристијано Роналдо, Гризман, Диего Коста и Фалкао тоа значи дека се работи за најдобриот пеналџија на светот во моментов. Попладнево Валенсија загуби 0:2 од Атлетико Мадрид, но јунак на средбата беше Бразилскиот голман Диего Алвеш кој фати два пенали.

Тој и таа со топка, 40 секунди

Познатата фристајлерка Лиса има засилување и тоа момак на нејзино ниво, ако не и појак. Кадарот им е во природа на многу фино место, а нивната задача се знае која е, да прават чудесии со топката.

Навивач на Вест Хем напаѓаше пред стадион со нож

Тимот на Славен Билиќ има беден старт во Премиер лигата и откако направи скор од 5 порази и една победа, вчера против Мидлсброу го одигра првото реми. Навивачите предизвикаа немили сцени и направија тепачка со гостинските навивачи, а кај еден фан е пронајден нож.

Зошто Монако секогаш игра пред полупразен стадион?

Македонските фудбалски клубови не се единствени кои играат пред 100 луѓе и 12 гулаби. Еден од најбогатите француски клубови кој играше во финалето на Лигата на шампионите игра пред малку гледачи поради што често се слуша ехо „Моја!“ или „пази леѓа!“

Голманот среќлија во Франција

Во четвртата француска лига се изведе пенал каков досега не сме виделе. Голманот Жан-Франсоа Беденик од клубот Ван три пати го спаси својот гол со неверојатна среќа.

Алекс Душебаев сам го победи Мешков Брест

Црвено-црните ја запишаа и втората победа во групната фаза од ЛШ. Имаа проблеми во првиот дел против Мешков, но во второто полувреме заиграа победнички, славеа 31:27 и во добра атмосфера ќе патуваат во Целје.

Металург се враќа поразен од Прешов во Автокоманда

Ракометарите на македонскиот вицешампион Металург го доживеаа првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, откако попладнево загубија на гости од Татран Прешов 27:22.

Потрошениот талент на лордот Бендтнер

Данецот беше дел од еден од најмладите состави на Арсенал. Немаше од кого да земе пример и со егоистичниот начин на живот ги тераше соиграчите, тренерите и газдите на клубовите да му ја покажуваат вратата. И со промашените шанси за гол секако.

Специјалитетот на Давид Виља и Пирло во Хјустон

Тренер на Њујорк Сити е Патрик Виера, а на Французинот му е лесно кога во тимот има генијалци како Пирло и Давид Виља. Синоќа победија на гостувањето против Хјустон Динамо и во моментов се први во Источната конференција на МЛС лигата.

Почнуваме со Типстер, сезона 2016/2017

По летната пауза која почна по завршувањето на ЕП 2016, ја враќаме во етер вашата омилена бесплатна кладилница каде со виртуелни кредити може да типувате без да чекате ред по шалтери. Ќе има и подароци.

Златан ги губи нервите со Вејн Руни

Скоро никој да не памети кога капитенот на Манчестер и на Англија бил во послаба форма во кариерата. На Руни не му оди ама баш ништо. Грешно подава, центрира на трета статива без осет а нема волја ниту да ги брка противничките фудбалери. Поради тоа Златан покажа нервоза на мечот од ЛЕ против Зорја.

Црвен картон за случаен минувач покрај Хамес Родригез

После долго време седење на клупата за резерви, Колумбиецот Хамес Родригез конечно заигра во првите 11 на Реал Мадрид, а расположението му го крена и рекламата за енергетскиот пијалак Gatorade. Луѓето од оваа компанија се решија за реклама со првиот случаен минувач кој стоечки го пие нивниот енергетски пијалак.

Франк Де Бур - полковник или покојник

Холанѓанецот има одлични тактички замисли. Тоа го докажа веќе со младиот тим на Ајакс. На „Меаца“ има проблем со адаптацијата и суетите на големите ѕвезди, но фудбалскиот јазик е универзален, па така Де Бур на пример го извади најскапиот фудбалер на тимот во 27. минута зашто не го слушал.

Бундеслигата сезонава ќе си има мака со нападот на Борусија

По 5 минати кола најефикасна екипа во германскиот шампион е Борусија Дортмунд кој постигна 16 голови. Кога ќе го ѕирнете видео ќе сфатите дека таа бројка брзо ќе расте. Од оваа сезона го имаат еден од најопасните и најбрзите млади играчи во Европа, Осман Дембеле кој го купија од Рен. Има 19 години и се чува само со фаул.

Најнеобичните фудбалски терени

Димензиите на едно фудбалско игралиште каде се игра 11 на 11 обично е 105 должина на 68 ширина, но урбаните дизајнери во Талјанд не се воделе по овие параметри, туку според тоа како налага просторот.

„Тешко ја поднесов разделбата на Чехословачка“

Човекот кој се ожени со девојка му од детството, со која се бакнувале во складиштето во малиот град Скална стана најдобриот фудбалер на Европа и даде дебитантски гол на Еврото 96-та. Бескомпромисен борец за кого Умберто Ањели стражарел во дворот за да не му го украдат назад во Рим.

Малериште на колото за 12.000 евра

Колку и да се жалиме, Баерн ме заеба за 5.000, мене Барса на полувреме за 10.000 денари, што да каже ликов кој во вторникот ги здрвил 7 од 8 во Лига на шампиони и тоа полувреме/крај. Оди па фати ги.

Шампионска титула во Ирска до 2044-та е исто колку три часа фудбал во Европа

Додека медиумите во Лига Европа пишуваа за петардите на Зенит, Фиорентина и Краснодар, вториот пораз на Интер и едвај издвојуваната победа на Јунајтед, во Ирска се испишуваше фудбалска историја, каде како што велат насловите играчите се искачиле над месечината.

Треба да се подзамисли Мурињо за ова

Да ги пуштиш во прв состав Погба (најскап играч во историја), Ибрахимовиќ и Мата и на крај да ти извадат ваква статистика против екипа по име Зорја е жива брука. Па на улица во Украина да прашаш за клубов ќе се најде некој што ќе ти рече дека не го знае. Немаат освоено ниту една титула во украинско првенство.

Манчестер Јунајтед едвај ја совлада Зорја

Вејн Руни влезе во игра во 67-ма минута и по две минути му асистираше на Ибрахимовиќ за 1:0. Тоа е единственото од Манчестер Јунајтед во дуелот против анонимниот украински тим. Зенит и Рома покажаа како се игра дома во Лига Европа.

Работнички со специјално видео се загрева за роденденот

Со 14 првенствени титули и 9 Купови, КК Работнички е најтрофеен кошаркарскиот клуб во Македонија. Магијата на Градски парк ја почувствуваа многу славни македонски имиња, а темелите ги удри легендарниот стратег Лазар Лечиќ со првата петорка во историјата на клубот составена од: КЊАЗЕВ, САВОВИЌ, ЃОРГИЕВ, ЃОРЃЕВСКИ, Ј.ЛУКОВСКИ.

Нов шамар за Интер во Лига Европа

Во второто коло од второто по ранг клупско европско натпреварување повторно на тапет е тимот на Франк Де Бур кој се соочи со втор пораз. Образот кај италијанските екипи го обели Фиорентина со петарда во голот на Карабах за кој Муарем Муарем одигра половина час. ПАОК е единствен со триумф на гости.