Во изјава за Слободна Далмација, Маринко вели дека е најсреќен човек на светот, можеби посреќен и од самата Мирјана Лучиќ која стигна до полуфиналето на Австралија Опен откако тргна од дното.
Мирјана претходно во интервју за New York Times призна дека татко ѝ со години ја тепал а еднаш дури и крвнички кога 40 пати ја удирал со чевла.
„Ако, нека биде како што е, не сакам да коментирам. Муабетите за злоставуање и насилство се за будали“, изјавил таткото на Мирјана Лучиќ која е морален победник на Австралија Опен 2017.
Тој не ѝ честитал затоа што не комуницира ниту со неа ниту со остатокот од семејството.
„Сè најдобро на светов со успехот на Мирјана се сруши на мене. Најсреќен сум на светот, можеби и посреќен од неа. Не можам да докажам но вистина е. Нејзиниот нов тренер Марин Брадариќ, дечко кого го знам со години, во последните два месеци со своите тениски методи и визија ја врати играта на Мирјана од нејзината 16-та година кога во дубл го освои Австралија Опен и го покори светот. Совршено се разбираат и факт е дека тој ги знае нејзините можности и потенцијал“, заклучува Маринко кој е на удар на хрватската и светската јавност.
Пласманот во полуфиналето на Мирјана и донел дури 900.000 австралиски долари, а од пласманот во четвртфиналето во двојки заработила 80.000 долари.