Европското 2016-та се затвори со еден мал рекорд за континенталниот фудбал: 4 гола паднаа од слободен удар, а на едно издание на Европско немало повеќе од три гола од прекин.
Месецов во Африка се одржува најголемиот спортски настан, Африканскиот Куп на Нации 2017, каде после 24 меча веќе има 5 ефектни гола од слободен удар. Кој од кој поубав.
Секако дека во овие случаи секогаш на површина излегува митот за слабите африкански голмани, но тој муабет веќе „не држи вода“.
Од почетокот на КАН2017 видовме 5 еврогола од слободни:
Буркина Фасо - Камерун 1-1, Муканџо (Камерун)
Капитенот на Камерун и напаѓач на францускиот Лориент доби позиција каква што очекуваше, слободен удар на средина централно од голот на противничкиот голман Куаку.
Сенегал - Зимбабве 2-0, Саиве (Сенегал)
Исто средина од голот, централна позиција но подалеку од слободниот на Камерунецот. Саиве ја искористи можноста да го демонстрира силниот шут.
Того - Конго 1-3, М’Поку (Конго)
За разлика од неговите колеги кои го пресметуваа секој сантиметар, М’Поку реши да опали со сета сила. Поранешниот фудбалер на Каљари и Киево постигна фантастичен гол кој сигурно ќе конкурира за најубав на АКН 2017:
Египет - Гана 1-0, Салах (Египет)
Еден од најдобрите фудбалери на Рома начека слободен удар од десна страна каде можеше да мери со неговата левица каде ќе упати удар.
Се реши за голманскиот агол и даде страшен гол за победа на неговиот Египет.
Уганда - Мали 1-1, Бисума (Мали)
Во дуелот меѓу двете испаднати селекции од групната фаза најубавиот момент го приреди везниот играч на Лил, Бисума кој направи ремек-дело во стилот на Роберто Карлос некогаш:
Четвртфинале на КАН 2017
сабота:
Буркина Фасо - Тунис 17:00
Сенегал - Камерун 20:00
недела:
ДР Конго - Гана 17:00
Египет - Мароко 20:00