
Италијанскиот весник Ла Стампа излезе со една мошне интересна табела на која може да се видат сите европски екипи кои ги водат странски газди.
На прва во очи паѓаат две работи. Првата е дека странските пари влегле во 28 англиски клубови од вкупно 44, а втората е дека Кинезите не работат на случајот само во својата земја, туку купуваат и клубови и од Европа и сите досегашни ги купиле во последниве две години.
Во француската Лига 1, странските газди поседуваат пет клубови и сите пет се на луѓе од различни држави. Нант е на Пољаци, ПСЖ на Шеици од Катар, Монако на Руси, Ница на Кинези и Олимпик Марсеј на Американци.
Во Ла Лига Кинезите ги имаат Еспањол и Гранада, Валенсија е на Сингапурци, а Малага на луѓе од Катар.
Во Серија А Рома веќе седма година е под водство на Американци, Болоња го води претседателот на Монтреал од Канада кој го формираше во 1993-та, а Интер од рацете за Ерик Тохир од Индонезија по кусо време го купија Кинези.
На оваа, ајде ќе ја таканаречена табела водат САД и Кина кои поседуваат по 9 европски клубови, Тајланѓаните имаат 6, Русите 4, а Шеиците од Катар и Италијанците имаат по 2 странски клуба.
Сите останати газди од другите земји имаат по еден клуб, па така Нант е во сопственост на Пољаци, Есторил Праја на Бразилци, Манчестер Сити на милијардери од Обединети Арапски Емирати, Хал Сити на бизнисмени од Египет, Нотингем Форест на луѓе од Кувај, Чарлтон на Белгијци, Евертон на Иранци, КПР на Малезијци, Саутемптон на газдарица од Швајцарија, Валенсија на Сингапурци.
Најмногу клубови (12) отишле во странска сопственост во сезоната 2010/2011.