Можеби не ви е убав, ама легенда е

Иако сезонава е на само 2 скромни гола, овој вториот постигнат против Стоук пред 5 дена го искачи на пиадесталот во Театарот на Соништата. Сер Боби Чарлтон 249, Вејн Руни 250 голови за Манчестер Јунајтед.

Штета што го вратија да игра поназад, можеби сега ќе имаше повеќе, ама и ова што го достигна не е воопшто малку. Прв стрелец во историјата на Јунајтед, прв стрелец во историјата на Англија и втор стрелец во историјата на Премиер лигата, како и 14 трофеи. Браво лепи, не те стигаат уште долго, бидејќи никој освен тебе од топ 10 стрелците на Манчестер Јунајтед не е активен играч.

 

26 јануари 2017 - 09:37