Offside

Кај триста сомнежи имаме со купишта ствари пред да ги објавиме на сајт поради она вештачкана интелигенција (ВИ), сега па и на фудбалерите не може да им се верува.

Меси за тврдењата дека е од друга планета

Нема момент кога е на теренот а да не даде гол или направи потег после кој луѓето ќе тврдат дека дошол од друга планета и дека не е од планетата земја. Аргентинецот срамежливо ги чита таквите пораки.

Топката сигурна во нозете на ЕВН во дуелот со Сава Осигурување

Третото коло во Бизнис лигата на Македонија го финишираа екипите на ЕВН и Сава Осигурување.

Манчестер Јунајтед убедлив, Фергусон му аплаудираше на Ван Перси

Проработе шутот на најскапиот фудбалер во светот кој беше двоен стрелец вечерва на Олд Трафорд, а гол постигна и нивниот миленик овој пат во друг дрес. Рома за две минути прокоцна водство од 3:1, а Зенит е третата екипа со полн плен по првите три кола во ЛЕ:

Интер и Ница конечно победија во Лига Европа

Шалке и Шахтјор се првите две екипи со три од три во второто по ранг клуспко европско натпреварување. Гостинските екипи беа поуспешни на натпреварите од 19 часот со четири победи, на три славеа домаќините, а пет меча завршија без победник.

Патот на Сасуоло од четврта лига во Европа

Сасуоло помина најголем дел од историјата во аматерските лиги, но по драматичното кревање сега победуваат некои од најпрестижните европски клубови и го радуваат малиот град.

Англичаните кои сакаат Ван Перси да му даде гол на Јунајтед

Децава се од Англија, идол им е Робин ван Перси, а видеото го објави Фенербахче. Разликата е што едниот навива за Фенербахче, а другиот за Манчестер Јунајтед за што Ван Перси не смее да знае. Ако вечерва холандскиот напаѓач постигне гол на средбата од Лига Европа и двајцата ќе се радуваат.

Половина од македонските фудбалски прволигаши уште немаат веб сајт

Во ера на интернет кога секој спортски колектив треба да се промовира што е можно подобро и помодерно, на некои наши клубови кои се дел од 155-та фудбалска земја во светот, уште човек не може да најде начин како да им ги следи активностите. Ок, може да им оди на тренинг, ама каде да прочита кога имаат?

Војна во португалска спортска емисија

Во ток-шоуто  „Пролонгаменто“ на португалската TVI24 се судрија двајца спортски работници, новинари и автори на неколку спортски биографии. Мануел Серао важи за коментатор на Порто, а Педро Гуера за човек близок до лутиот ривал Бенфика. Целата фрка е околу тоа дали на промоцијата на книгата на Гуера не дошол ниту еден човек од Бенфика.

Сите 29 одбранети пенали на Буфон во кариерата

Џанлуиџи Буфон е единствениот голман кој два пати му одбранил пенал на Бразилецот Роналдо. Џиџи ги скротувал пеналите и на Тоти, Фиго, Муту. Последен кој се уплаши од Буфон од белата точка беше младиот Французин Александар Лаказет од Лион.

Каков беше шпанскиот фудбалски Доналд Трамп

Го снимиле како го прашува неговиот одгледувач на коњите дали да го избрка тренерот или не, прославувал триумф над Реал Мадрид качен на слон по улиците, пред мечот против Ајакс го нарекол овој клуб ФК Конго поради многуте црномурни играчи од Суринам.

Рамстор со контролиран напад до триумф над Раде Кончар

Фабрика Карпош, Систина и Рамстор се победничките екипи во третиот ден од третото коло во Бизнис лигата на Македонија.

Не ја гледајте ранг листата на ФИФА, Курасао нè шие 78 места

Ако мислевме дека од 146-та позиција не можеме подолу во фудбал сме се лажеле. Октомвриското рангирање ни донесе поголеми главоболки од септемвриското, а таман некако ни тргна во играта.

Шкотскиот Герет Бејл го држи Лајпциг први врвот

Никој во Бундеслигата не го сака РБ Лајпциг. Тоа знаете. Но дали знаете дека овој тим собра 12 бода на првите шест меча сезонава а главен џокер на тимот е 19-годишниот Оливер Бурк чија асистенција го испровоцира првиот пораз на Борусија Дортмунд.

Креативниот гениј на Арсенал

Ако некој во изминативе години во Премиер лигата најдобро знае да дели топки со очи, тоа дефинитивно е Месут Озил. Човекот со право синоќа си ја зема топката дома и еве ќе речеме дека и со право бара покачување на платата.

Лоб за сите пари

Арсенал го наполни Лудогорец со шест парчиња, но она што вреди да се издвои од синоќешниот дуел во ЛШ е мајсторијата на Алексис Санчез. Тој освен што прати еден од Бугарите по бурек, во само дел од секундата крена глава и виде дека голманот е малку излезен.

Селска гол технологија

Ако на овој гол треба да се решаваат дилемите дали топката ја мина гол линијата, лесно ќе оди тоа бидејќи голманот секогаш ќе биде во право.

Хет-трик на Меси, Бешикташ славеше во Неапол

Со седмиот рекорден хет-трик во Лигата на шампионите, Меси сам го победи Манчестер Сити на неговиот поранешен учител Пеп Гвардиола. Бешикташ го направи најголемото изненадување вечерва откако со 2:3 го победи Наполи на „Сан Паоло“.

Астон Вила победи на гости после 437 дена

Неколку години висеа на конец да испаднат од Премиер лигата и тоа им се случи лани (првпат после 1987-ма). Во меѓувреме сменија неколку сопственици, купија разни играчи и донесоа многу тренери но никако не им успеа да се вратат дома со гостинска победа. Синоќа после цели 437 дена и 27 гостински натпревари, Астон Вила победи надвор од домашниот терен. Најзаслужен за тоа е тренерот Стив Брус.

Талентот кој Баерн Минхен го продаде поради чалам

Синан Курт има 20 години и важи за најголемиот талент на германскиот фудбал, но другата страна од медалот покажува разгалено дете кое сака да се експонира. Поради тоа Баерн му ги спакувал куферите.

Најтрофејните екипи во 90-те

Во денови кога на сцена е клупскиот фудбал во ЛШ и ЛЕ ќе се вратиме назад во носталгичните фудбалски години од крајот на минатиот век кои покажуваат една огромна разлика за тоа каде беа и каде се сега италијанските екипи на мапата на Европа.

Животиња II дел

Го видовме ѕверот кој крена тежина од 456 килограми, а сега се појави нова појава која „топ не ја бие“.

Врвната реклама за малиот Пол Погба

Французинот летово стана најскапо платениот фудбалер во историјата на фудбалот откако Манчестер Јунајтед го купи од Јувентус. Дресот на Погба е еден од најпродаваните во светот, а неговиот спонзор Адидас направи врвна реклама која ги опфаќа неговите почетоци.