„Зарем навистина бев голман цели 30 години? Дури и денес кога гледам слики од некои натпревари од минатото, не ми е јасно што сè сум направил“.
Ова се зборовите на Анџело Перуци кои ги кажа во едно неодамнешно интервју, во кое беше изненаден дека тој самиот бил последниот бастион, подготвен да ги брани боите на Рома, Верона, Јувентус, Интер и Лацио, како и на селекцијата на Италија.
Со својот силен физикус беше еден од бисерите на италијанската школа за голмани која се фалеше со Бучи, Паљука, Маркеџани...Благодарение на структурата и експлозивноста во интервенциите, му беше по мерак на еден Џани Ањели кој го ангажирање во период од седум сезони.
Неговите паради беа составен дел од еден шампионскиот состав на Јувентус со кој во 90-те освои 3 Скудета, Куп на Италија, Супер Куп на Италија, Куп на УЕФА, Супер Куп на Европа Интерконтинентален Куп, и пред се Лига на шампиони во 1995/1996.
Беше еден од главните протагонисти за време на финалето во Рим против Ајакс кога по оние 1:1 им фати два клучни пенали на Давидс и Силу за втор трофеј Европски првак во историјата на Јувентус.
По кусиот престој во Интер каде замина поради Марчело Липи, тренерот со кој беше најмногу врзан, во 2000-та следуваше трансфер во Лацио, тим преполн со шампионски имиња. Остана долго во Рим, исто колку во Јуве, но со далеку помалку трофеи. Освои Куп на Италија и Супер Куп.
Од неговите карактеристики се паметат смиреноста, како и големиот тимски дух поради кои беше почитуван од страна на тренерите и соиграчите. Иако на Мундијалот во 2006-та немаше можност да заигра, Даниеле де Роси изјави дека неговото присуство било од исклучителна важност, пред се поради искуството и лидерските способности.
Во 1997-та токму Перуци реши една кавга меѓу Липи и младиот Виери кој не можеше да се соочи бидејќи искусниот стратег решил да го извади од игра.
Перуци беше дел од Италија под водство на селектори како Ариго Саки, Дино Ѕоф, Чезаре Малдини, Џовани Трапатони и Марчело Липи кои секогаш сметаа на него. Тешко се пробиваше како првотимец, што поради конкуренција, што поради повреди.
Она по што сигурно ќе го паметиме е скромноста и професионалноста, како и тоа што беше голман без црна дамка во кариерата.
По пензионирањето во 2007-ма, Анџело му беше еден од помошниците на Липи во репрезентација на Италија, потоа му беше асистент на Чиро Ферара во У21, а сега работи како тим менаџер во Лацио.
Среќен 47-ми роденден легендо.