Анегдотата е од времето кога заедно играа за Лацио и не оделе сами, туку цело друштво во кое биле и Панкаро, Коради, Фиоре, Џаникеда, Фавали. Анџело бил најголем мераклија на лов.
Ич да не го мислите. Дел е од управата на Лацио, кој сезонава под водство на Симоне Инѕаги растура и во таква победничка атмосфера легендарниот италијански голман си гази лабаво во кафана. Тој со него е една друга легенда. Се вика Маурицио Манцини, еден од најценетите тим менаџери во Италија. Човекот има 77 години и работи во Лацио од 1971-ва година.
Важи за еден од најдобрите италијански голмани во историјата кој ретко имаше првотимски статус за репрезентација бидејќи конкуренција му беа Паљука, Толдо и Буфон. Беше препознатлив по својата конституција која му го донесе прекарот “Тајсон“, а дресот на Јувентус го носеше во најубавите времиња на клубот.