Во еден исклучително тежок натпревар, ракометарите на Вардар на стартот од мечот против Сегед имаа негатива од 2-0 но набрзо со 4 гола во серија направија пресврт и поведоа.
Носен од домашната публика, Сегед брзо врати со два гола и израмни на 4:4, а резултатската рамнотежа траеше до половината од првиот дел кога Вардарци со цврста игра во одбраната и ефикасен напад дадоа 3 гола во серија и се одлепија на 6:9.
Дека Пик Сегед е тврд орев кој во групата Б веќе оствари 6 победи, Унгарците покажаа кога на Вардаровата серија вратија со нивна низа од 3 гола и на семафорот стоеше 9-6 за Сегед.
Целата моќ шампионот на Македонија ја демонстрираше со серијата од 0-6 кога стигнаа до +3 (9-12) а тој период од играта ги носеше екипите во наизменично водство и неколку израмнувања. До крајот на првиот дел, Сегед направи серија од 2-0, Вардар играше дефокусирано во одбраната и на паузата се замина со 11-12 за Скопјани.
Стартот на вториот дел го одбележа груба игра во одбраната на двете страни и фантастичните одбрани на двата голмани Сиера и Штербик.
На истекот од 40. минута Сегед со погодокот на Скубе отиде на 16-14 после што Раул Гонзалес повика тајм-аут кој вроди со плод. Македа го израмни резултатот на 19-19 а набрзо Дибиров во за него својствена контра погоди за водство на Вардар од 20-19. Без многу проблеми „црвено-црните“ ја задржија предноста и на крајот сосема заслужено славеа со 21-23.
Русинот Тимур Дибиров со 6 гола од кои два кога се решаваше победникот, беше прв стрелец кај Вардар, а 4 даде Алек Душебаев. Кај домашниот ПИК Сегед 6 гола даде Словенецот Скубе. Играч на мечот беше Арпад Штербик кој имаше 13 одбрани од кои 3 седмерци. Штербик беше најзаслужен за новиот триумф на Вардар кој цврсто стои на лидерската позиција.
Во следниот натпревар во ЛШ, Варадр на 25 февруари во Скопје го пречекува Целје.