И 10:0 да загубиш навивачите ги ценат овие гестови

Сигурно на Арсенал им е преку глава секоја година да губат во осминафиналето од ЛШ, ама треба да се запрашаат како им е и на нивните навивачи кои трошат многу пари и кинат нерви, а на крај никој нема да им каже фала.

Топџиите синоќа беа попарени со 5:1 од Баерн Минхен кој трет пат во последниве шест сезони ги исфрла од топ 16 фазата во Лигаta на шампионите.

По еден таков дебакл, по последниот свиреж на судијата, на фудбалерите на Арсенал природно им доаѓа во глава што побрзо да го напуштат теренот, да удрат туш и да го фатат патот накај дома.

Но едно не смеат да забораваат, а тоа се навивачите кои потрошија 400-500 фунти за да отпатуваат и да ги бодрат во Минхен.

Благодарам за гостинската поддршка им кажа само еден фудбалер, а тоа е Алекс Окслејд Чембрлен кој се појави осамен да им даде аплауз на оние кои 90 минути секое коло пејат за него и неговите соиграчи. Респект за него, уааа за другите.

Колку само се нервираше што сите колеги не го сфаќаат пресингот како него.

 

16 февруари 2017 - 13:10