Суеверието во спортот - глупост или има нешто

Врската меѓу спортот и суеверието постоела отсекогаш. Од познатиот бакнеж на Блан на ќелавицата на Бартез, ритуал кој ги водеше Французите пред секој меч до титулата Светски шампиони 1998-ма, па сè до суеверијата на Тајгер Вудс, Мајкл Џордан, Рафа Надал.

Џордан

Мајкл Џордан, кој денес слави 54 години имал своја тајна во кариерата: Никогаш не почнал партија без да ги облече чорапите со логото на неговиот Универзитет Северна Каролина и тоа под брендираните чорапи од Чикаго Булс.

Лоран Блан и Бартез

Пред секој меч од Мундијалот во Франција 1998, одличниот стопер Лорен Блан му ја бакнуваше ќелавицата на легендарниот голман Фабијан Бартез. Многумина го сметаа ова за “будалаштина“, а некои веруваа дека овој ритуал им го донел златото на домашно тло.

Валентино Роси

Да возиш 350км на час на мотор е многу сериозна работа. Поради тоа, деветкратниот светски шампион Валентино Роси има серија суеверни гестови пред да се качи на моторот. Ги употребува рацете, нозете, кацигата, ракавиците и се потпира на моторот речиси да зборува со него. Резултатот: 9 титули и 114 победи.

Рафа Надал

Листата меѓу нервозните „тикови“ не би била потполна без Рафа Надал. Еден од неговите најпрепознатливи гестови е местењето на шишенцата со вода за време на паузите меѓу гемови. Веќе и децата што собираат топчиња го навикнаа, па многу многу не му се мешаат со шишињата.

Тајгер Вудс

"Victory-red ". Во САД суеверието на најдобриот голфер во историјата има и име, затоа што Тајгер Вудс уште од времето на колеџ носел црвена маичка во секое последно коло на турнирите. Има 79 победи во ПГА и 14 Мејџор пехари коишто покажуваат дека американскиот феномен можеби со право ја носи маичкава.

Томас Н’Коно

За односот меѓу магијата и суеверијата на Купот на Африка сме пишувале. Во 2002-ра, сега веќе митскиот Томас Н’Коно, на времето легендарен голман, а потоа тренер на голманите на Камерун беше уапсен од полицијата во Мали затоа што се приближил до една од стативите пред полуфиналето меѓу Мали и Камерун и истурил нешто.

За да го соборат на терен влегоа 10 полицајци, а обвинението беше дека се обидел да остави ’магичен објект’ за да им помогне на своите играчи.

Три дена подоцна, Камерун го освои Купот на Африка.

Џиџи Рива

Од мал го носел само бројот 11. Подоцна 11-ка играл и за Каљари и за репрезентацијата на Италија. Го заменил само еднаш, за мечот Италија - Португалија во 1967-ма кога облекол 9-ка но на мечот скршил нога.

Дресот на Милан

Белиот дрес на Милан има долга историја. За време на ерата на Берлускони, екипата пет пати ја освои Лигата на шампионите (или Купот на шампиони) и секогаш биле облечени 'total white'. Росонерите носеа бела гарнитура дресови и шорцеви и во финалето 2005-та во Истанбул кога побарал од Ливерпул да ги носи класичните црвени дресови за тие да не мора да ги облекуваат црвено-црните.

Краватата на Галијани

Во септември 2013, Инстаграм профилот на Милан објави сторија за жолтата кравата на Адријано Галијани којшто ја носел секогаш на важните состаноци кога преговарал за играчи.