Offside

Кај триста сомнежи имаме со купишта ствари пред да ги објавиме на сајт поради она вештачкана интелигенција (ВИ), сега па и на фудбалерите не може да им се верува.

УНИКА убедлива во дуелот со ФАКОМ

Во вториот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија УНИКА го декласираше ФАКОМ, а до победи стигнаа и екипите на Гранит и ЈСП.

„Сењор Перес, ова е син ми Марко и тој ќе игра за вашиот клуб“

Марко Асенсио има 20 години, а веќе важи за еден од најголемите таленти во историјата на шпанскиот фудбал. За три години поминал пат од четвртата лига до еден од најдобрите клубови на светот.

Рекордот на Севиља од 132:10

Фудбалерите и фудбалерките на шпанскиот клуб имаа викенд кој не се памети во Шпанија. Победија сите.

Фудбалерот кој смета дека не треба да зема плата кога не игра

Адриано е прав пример за Бразилец на кој парите од фудбалот му удрија во глава и потоа тргна по лош пат. На тоа имаме еден контра пример на играч од истата земја за кој до сега не сме пишувале или па можеби ги има повеќе, но не сакаат да се фалат.

Луда навивачка преработка од хитот на Енрике Иглесијас

Навивачите на Сан Лоренцо дефинитивно ги имаат најмелодичните навивачки песни во латинска Америка. Покрај многу свои дела, Ла Глориоза знае и да направи препев од некој хит, па така сега актуелна им е DUELE EL CORAZON од Енрике Иглесиас која што грми на трибини.

Екскурзијата на македонскиот фан клуб на Реал во Дортмунд

Од преку сто фан клуба во светот, една од најверните бази Реал ја има во земјава. Овдешните поддржувачи на „Кралскиот клуб“ не пропуштаат прилика организирано да патуваат секаде каде што играат Роналдо, Рамос и другарите. На кратко ни раскажаа како поминале во Дортмунд.

Ако ја чекавте Баер кец, пцујте го голманот

Иако мислевме дека Џиџи Буфон е херојот меѓу голманите во првата ноќ од третото коло во ЛШ, сепак во исто друштво влегува и Иго Лорис. Чуварот на голот на Тотенхем е најзаслужен што Чичарито не го реши мечот, а покрај неговата феноменална одбрана, на помош се појави и гол технологијата.

Како реагира Ибрахимовиќ на сопствената статистика

По дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед 0:0, излезе статистика на играчи со најмногу големи промашени шанси сезонава во Премиер лига. Златан е прв пред Волкот, Дефо, Лукаку, Погба, Варди...

Буфон правеше чуда за триумф на Јуве со играч помалку

На критиките Буфон вечерва врати со одбранет пенал и неколку чудесни интервенции. Лестер игра подобро во Европа отколку во Премиер и веќе освои 9 бода без примен гол. Дортумд триумфално се прошета во Лисабон.

Најлошиот старт на Јунајтед во последниве 15 години

По заминувањето на учителот за фудбал, Сер Алекс Фергусон, Црвените ѓаволи пробаа со Мојс, па со Ван Гал, а за сега не одат работите како што треба ниту со тренерот кој никогаш не признава дека е крив за нешто.

Човекот кој засекогаш го смени фудбалот

До 1995. година играчите не можеле слободно да го напуштат клубот по завршувањето на договорот, туку морале да плаќаат отштети. Поради тоа Жан-Марк Босман во Судот за човекови права ги тужел клубот Лиеж и УЕФА.

Колку добар потег на Мората

Тоа што некој е фудбалер на Реал Мадрид не го прави поразличен човек од другите, ама треба и доказ на дело. Алваро Мората освен што застана да ги усреќи фановите, собра еден млад навивач со дозвола од мајка му и го однесе кај другите играчи каде собра повеќе автограми. Кој знае колку се фалел малиов во школо.

Човек ли е или животиња?

Крена 456 кила, па 240 и на крај 383 или збирно 1.079, што ни дава за право да мислиме дека јаде од лонец и не користи клуч кога треба да препаркира кола.

На италијанските тренери во странство не им оди годинава

По отказите на Гвидолин и Ди Матио листата на отпуштени италијански стратези надвор од својата земја порасна на четири. Тренери со педигре беа отпуштани и претходните години.

Година на петелот кој се прослави во Скопје

Андреа Белоти важи за најталентираниот италијански напаѓач во моментов. Головите ги прославува на смешен начин имитирајќи петел во чест на најдобриот другар од детството кој се презива Гало (gallo на италијански значи петел). Гигантите веќе се спремни за него да дадат десетици милиони.

Хајлајтс од 25 годишнината на Лига на шамиони

На 16 септември 1992-ра, најелитното клупско европско натпреварување ја стартуваше новата ера со логото UEFA Champions League, а оваа сезона ќе слави четврт век постоење. Ова е мал дел од највозбудливите моменти на најголемото фудбалско уживање кое во вторник и среда во 20:45 нè бетонира пред тв.

Шпанска кујна после осум кола

Комплиментите на адреса на одбраната на Атлетико Мадрид не чудат веќе никого - последната година екипата на Диего Симеоне е на врвот на елитата во Европа по совршената одбрана. Сега даваат и многу голови и се пред Реал и Барса на табелата.

Иранецот што коментира за слепиот другар

Освен вообичаените вести кои доаѓаат од овој дел на светот, ретко кој знае дека таму се игра и добар фудбал пред полни трибини. Еден навивач на ирански прволигаш е слеп, но редовно ги следи натпреварите со помош на својот најдобар другар кој му ги коментира настаните на теренот.

Косовско третолигашко славје во вода

Фудбалерите на КФ Арберија од третата косовска лига го победија Лепенчи и триумфот го прославија во склад со временските услови.

Црнава мачка Мурињо ли ја прати?

Чекавме голови на дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед, а нив ги немаше „ни за лек“. Пред почетокот на мечот на „Енфилд“ традиционално грмеше You''ll never walk alone, а за тоа време една мачка се прошета по теренот. Режисерот ја примети и го забележа моментот.

Антиќ краде топки, забива и носи победи

Фенербахче синоќа славеше над Истанбул Бујукшехир со 76:62 во рамките на турскиот шампионат, а најпрeцизен поединец на паркетот беше Перо Антиќ со 15 поени. Годините не му пречат за вакви потези.

Еуролинк против ЕЛЕМ до првата победа во оваа сезона

Екипите на МЕПСО и Пекабеско го одиграа првиот нерешен резултат во новата сезона од Бизнис лигата на Македонија. ТРАНСМЕТ и Еуролинк стигнаа до победи.

Ривалството на Ливерпул и Јунајтед во една минута

Два тима, два града оддалечени 55 километри а ривалска омраза како никој никогаш. Вечерва од 21:00 на „Енфилд Роуд“ ќе се судрат лутите ривали. „Црвените“ од Ливерпул и „Црвените ѓаволи“ од Манчестер. Од една страна Јирген Клоп, а од друга Жозе Мурињо. Сигурно ќе пршти на сите страни.