Наполи со скудето во џебот заиграл во елитниот Куп на Шампиони (тогаш играле само шампионите на своите земји) и им се паднало „прво па машко“: Реал Мадрид.
Реал на Мичел, Гајего, Васкез, Бутрагењео, Сантиљана, предводени од холандскиот тренер Лео Бенхакер (3 титули во Шпанија на клупата на Реал и 34 меча без пораз). Тој дуел Реал - Наполи се играл на ’Сантијаго Бернабеу’ но ниту прилбижно во атмосфера каква што вечерва ги чека Хамшик и другарите.
European Cup behind closed doors: Real Madrid v Maradona's Napoli, 1st Rd./1st Leg, 16 September 1987. (Photo: Marca) pic.twitter.com/YpRy7eWb9w
— A Football Archive* (@FootballArchive) February 3, 2017
Реал Мадрид отслужувал казна поради нереди на навивачите и играл пред затворени врати. Во тишина ’Кралевите’ победиле 2-0 со неверојатниот Гареља. Мичел во 18’ минута го отворил резултатот од пенал, а во 76’ Де Наполи си дал автогол за 2-0 и ги ставил Италијанците пред тежок испит пред возвратниот дуел.
Реваншот се играл пред 83.828 гледачи на ’Сан Паоло’ (ова е официјална бројка, иако во реалност се тискале многу повеќе). Пеколната атмосфера не му помогнала на Наполи и мечот завршил 1-1, така што тимот од градот под Везув брзо испаднал од Европа.
"Il Mattino" di Napoli, il giorno dopo Real Madrid-Napoli del 16 settembre 1987 pic.twitter.com/C2aaUUbtEk
— Sportweet (@Sportweetaly) February 14, 2017
Во тоа време, 15-годишниот Зидан влегувал во младинскиот тим на Кан, а Маурицио Сари работел уште во банка. Кристијано Роналдо имал 2-ипол години, а мајките на Хамшик и Мертенс ги доеле своите бебиња.
Марадона, пак, веќе бил Марадона: Човек способен сам да ја води екипата до неверојатни победи (Мундијалот со Аргентина и скудетото со Наполи). Но Диего никогаш не можел да го прежали тој пораз вечерта во Мадрид кога не се видел на теренот.