9 причини за дебаклот на Барселона

Како и да ја вртиме ќе најдеме илјада причини за високиот пораз на Барса од ПСЖ која речиси е елиминирана од ЛШ. Беа анемични, безидејни, надиграни или со еден збор дрва 90 минути. Иниеста беше изгубен случај, а статистиката со Меси е неповторлива: Не ја пипнал топката во шеснаесетник ниту еднаш.

ОДЛИЧЕН ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ одиграа комплетно одличен натпревар. Знаеа како да ја намачат Барселона со висок почетен притисок кој беше многу ефикасен. Покрај тоа ги добија сите дуели, колективно и индивидуално. Оваа Барса беше како од други времиња, особено во среден ред каде што се одлучи мечот.

УНАИ ЕМЕРИ ГО ДАДЕ КЛУЧОТ НА ИГРАТА

Стратегот од Баскија кој претходно ја водеше Севиља со која ги освои трите титули во низа во Лига Европа, се покажа дека сериозно го подготвувал дуелот со Барселона. Неговиот план беше совршено извршен од страна на играчите. Нема споредба со Луис Енрике за овој меч.

НИКАКВА РЕАКЦИЈА

Гостите не знаеа како да реагираат на огромната доминација на ПСЖ. И покрај обидот за менување на формацијата во 4-2-3-1, тоа не им успеа.

ДЕФАНЗИВНИ НЕДОСТАТОЦИ

Барселона претрпе многу во одбрана. Во сите индивидуални дуели и колективни напади победници беа фудбалерите на ПСЖ. Секоја транзиција во напад беше кошмар за нивната одбрана.

ИНТЕНЗИВНА РАЗЛИКА

Играчите на ПСЖ изгинаа за секоја топка. Нивните противници немаа интензитет и став. Пристап кон играта кој не може да се објасни колку само беше лош и кој може да им биде одлучувачки во оваа фаза.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Тројца играчи блеснаа над сите во ПСЖ: Верати кој целосно ја презеде контролата на мечот, Дракслер како офанзивен џокер и Кимпенбе, кој беше одличен во своето деби во ЛШ.

ЗАГУБЕН ИДЕНТИТЕТ

Барселона беше надвор од својот препознатлив концепт и игра на која се восхитувавме во Европа години наназад. Овој пат ПСЖ беше тој што играше како онаа препознатлива Барса.

ИНИЕСТА НЕПРЕПОЗНАТЛИВ

Човек треба да гледа снимка од мечот и да го следи само нивниот капитен и мозок на играта. Беше бавен, без дух и никогаш немаше контрола во играта од средниот ред каде обично е најдобар. Ова беше еден од најлошите негови партии во дресот на Барса.

СТАТИСТИКА

ПСЖ – Барселона во удари во рамки на гол 10:1, во колективно трчање 112,1:104, во одземени топки 46:36. Меси ја допрел топката 17 пати во текот на целиот натпревар, што е најлоша негова статистика во последните 9 години и шутираше само еднаш. Суарез ја допрел 9 пати и не шутнал ниту еднаш. Најактивен од триото беше Нејмар кој биеше два пати, ама ниту еднаш меѓу стативите. Најзагрижувачкиот податок во оваа статистика е што Меси не ја допрел топката во шеснаесетникот НИТУ ЕДНАШ.

15 февруари 2017 - 11:10