„Жалам што ви се случило тоа. Ви посакувам се најдобро на тебе и на сопругата“, му кажал Пеп на противничкиот фудбалер.
Самиот Артур подоцна го прокоментира разговорот: „Беше сосема неочекувано. Многу го почитувам Гвардиола. За мене тој е најдобар тренер на светот. Не знам дали некој ќе ги стигне неговите достигнувања“.