Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Зошто Бане е меѓу најомилените играчи во кариерата на Мурињо

Кога дошол во Локомотив Москва, Ивановиќ бил само уште еден непознат легионер во руското првенство. Месецов се врати во Русија како играч кој освои Лига на шампиони, Лига Европа, ФА Куп, Лига Куп и Премиер лига.

Првиот Србин кој направил трансфер во Албанија со помош на фризерот

Александар Сречковиќ за нас не е познато фудбалско име, туку играч со интересен фудбалски пат кој успеал да ги победи предрасудите и да заигра во земја каде се плашел дека ќе биде небезбеден. Добро, не е сè така подмачкано и професионално во приказнава, особено делот со земањето на платата.

Утките на Ацо Стојков и Дарко Панчев со Интер

Италијанскиот Скај Спорт се навраќа на оние играчи кој од овие или оние причини, дошле како метеори но мистериозно не успеале во Серија А. Први во редот се Панчев, Роби Кин и Египѓанецот Мидо, а на листата е и некогашниот страшен талент од Струмица.

Во 96-та минута да ја решиш со рафал од 35 метри

Во мечот од 22. коло на германската трета лига меѓу Дујзбург и Минстер (3:2), играчиот од средниот ред на домаќините Фабиан Шнелхард во 96-та минута постигна спектакуларен гол.

’Вашите дедовци изгореа живи за Дрезден’

Сент Паули важи за клуб-симбол на левицата, неговите навивачи се анти-фашисти, додека Динамо Дрезден отсекогаш во историјата се сметал за клуб близок до десницата, па во еден период дури и приврзан до идеологијата на Хитлер.

Идиотски потег на фудбалер на Ајакс

На мечот против Спарта Ротердам, играч на Ајакс се жалеше на повреда и додека гостинските фудбалери застанаа, Јоан Велтман тргна во напад и центрираше. Во тој момент Ајакс водеше 2:0.

Да се знае што е пожртвуваност за тим

Волфсбург викендов стигна до многу важни три бода во борбата за опстанок и тоа на меч против Хофенхајм кој им дојде на гости со само еден пораз. До победа стигнаа со пресврт во вториот дел од 2:1, но и со муда во одбрана.

Торес израмни без да го гледа голот

Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа беа на тешки маки против Селта и ја совладаа со два пресврти. Голот на колото во Ла Лига го постигна Фернандо Торес за 1:1.

Новиот спортски ланец Sport Reality пристигна во Велес

Овој продажен ланец со ентузијазам го следи урбаниот спортски стил со цел да понуди идеален однос помеѓу цената и квалитетот.

Победничко збогум на Металург од Европа

Со високи 31-24 (15:10) Металург го победи рускиот шампион Чеховски Медведи, ја запиша петтата победа и се одјави од Лигата на шампионите сезонава.

Импресивен протест на тифозите на Интер

Полемиката Јуве - Интер по суспензиите од два меча за Икарди и Перишиќ трае веќе 7 дена. Навивачите на Интер решија со шпанската ’пањолада’ (бели марамчиња во знак на протест) да искажат револт од одлуките на дисциплинската комисија на италијанската фудбалска федерација. Делуваше импресивно.

Јунак на мечот Барнли - Челси

Барнли е тврд орев сезонава што покажа и денес со ремито од 1-1 против лидерот Челси, Мечот по освоениот бод, еден мал навивач на Барнли ќе го памети и по тоа што татко му го спаси од една топка која силно одеше во него.

Гол на сезоната во Чемпионшип

Норвич во саботата со 5-1 го декласираше Нотингем, а првиот гол на Хоусон во 10. минута беше ремек дело какво не сме виделе сезонава во Англија.

Црвено-црните за малку од готово вересија

Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија која сега изнесува 8 триумфи по ред, откако попладнево го победија Турингер после драматична завршница на мечот на кој имаа 8 гола предност.

Врвната реклама за Бразил со Роналдињо, Роналдо и компанија

Толку беа добри што не правеа разлика дали играат во соблекувална, на аеродромска писта, на улица или на терен. Фудбалот го играа со леснотија. Роналдињо, Роналдо, Робињо, Адриано, Роберто Карлос...

Силниот Вардар го збриша Загреб и се искачи на лидерската позиција

Ракометарите на Вардар со победа ја отворија 2017-та во Лигата на шампионите и стигна до седми триумф во 10-то коло од групната фаза. Разликата во квалитет беше пресудна на оваа балканска пресметка во елитното натпреварување.

Најдобрите трикови во историјата на Премиер лигата

Кога Окоча, Роналдо, Анри, Робињо, Нани, Гигс, Ди Канио и останати вакви имиња ќе се најдат во едно видео, тогаш се добива најатрактивниот можен производ кој може да го видите. Секоја чест за тој што успеал на едно место да искомбинира вакви магии од Премиер лигата.

Разликата меѓу Лестер 2015/2016 и Лестер 2016/2017

Осум месеци откако направи чудо во Премиер лигата, рангирано како едно од најголемите спортски достигнувања, сега Лестер треба да спречи чудо, а тоа е да не дозволи шампион на Англија да испадне од лига. Анализата покажува дека многу работи не им одат како лани.

Го преживеале Титаник па се сретнале во тениско финале

Членовите на тениската Куќа на славните, Дик Вилијамс и Карл Бер засекогаш ќе бидат поврзани во историјата, но не само поради тениските успеси, туку и по нивната драматична приказна.

Најзабавната фудбалска компилација од 90-те

Тоа беше време кога уште не беа влезени милијардите и време кога емоциите беа пред парите во фудбалот. Ако едно видео треба да биде модел за тоа како да ги ставиш на едно место сите најинтересни работи во и околу фудбалот, тогаш ова е тоа.

Во исчекување на 50.000 голови во Бундеслигата

На Германците им се ближи голем јубилеј во лигата која ја формираа во далечната 1963 година, а во која имаа можност и привилегија да заиграат и неколку наши фудбалери. Новески имаше најдолг стаж и држеше одбрана, а Ќириќ ги полнеше мрежите.

Македонското знаме во салата на ЦСКА Москва

Не знаеме кој е или кои се, но заслужуваат почит за тоа што македонското знаме веќе неколку средби стои на ударно место во модерната сала “Мегаспорт“ каде игра гигантот ЦСКА Москва.