Приказната за првиот Србин кој заиграл фудбал во Албанија заедно со уште двајца свои сонародници ја раскажува лично Александар во прво лице:
Почнав да тренирам фудбал кога имав 8 години во првата приватна школа на нашите простори. Гледано од оваа перспектива, можеби сум имал среќа што во тоа време некако сè беше слабо организирано. Бев упорен да почнам да тренирам тенис, па атлетика, но обидите ми беа неуспешни бидејќи тренерите не се појавуваа во своите термини и така се пренасочив на фудбал.
Пораснав во населба Вождовац, Белград во доста проблематично друштво во кое мојата улога како фудбалер и здравиот начин на живот сепак беа прифатени. Зборувам за периодот од осмо одделение каде децата беа желни да се докажат со правење разни глупости. Седиме кај еден другар во импровизирана соба која беше дел од гаража, а еден извади џоинт кој го украл од брат му. Сите возбудени вртат круг, секој зема по еден дим и му дава на следниот, потоа доаѓа ред на мене и знаејќи го мојот став, без никакво инсистирање ме рипаа.
Почнав во Вождовац и набрзо се преселив во Синџелиќ Белград каде останав до некои 19 години. Во тие години кога ќе имаше некоја журка јас си одев околу 23 часот бидејќи утредента ме чекаше натпревар. Така не отидов ниту на екскурзија во осмо, бидејќи следниот ден ме чекаше дерби.
Можете да замислите, натпревар покрај пруга на распаднат терен. Иако мислам дека сето тоа би го поновил. Бев пред вратите на Црвена Ѕвезда, а стигнав до Чукарички, Раднички, Земун, Романија, Полска и Албанија. Да, ова последново беше можеби најчудното искуство.
Во летото 2008-ма се оженив со мојата долгогодишна девојка Јована и неколку дена по свадбата ми се јави менаџерот со прашање дали би заминал да играм фудбал во Албанија? На тоа веднаш се надоврза дека многу добро плаќале.
Тоа е тој момент кога одговорот НЕ го задржуваш некое време во себе, а во мојот случај беше: Ок, кажи ми за што се работи. Албанската екипа Аполонија беше на подготовки во Црна Гора и целата приказна беше да им се придружам на неколку дена и да видам како тоа ќе изгледа. Бев отворен за нови предизвици и отидов. Кога стигнав таму во хотелот имаше уште тројца Срби, еден од Младеновец, друг од Нови Пазар и уште еден од Белград со кој се дружам и денес. Одигравме неколку натпревари, се договоривме околу условите во договорите, а тие беа скептични дека воопшто ќе се појавиме во Албанија.
Инаку контактот за целиот трансфер беше преку еден фризер од Нови Пазар кој имаше влијателен роднина во Фиер од каде е Аполонија, клубот за кој требаше да потпишам. И така, тој фризер го направи својот прв и последен фудбалски трансфер.
Кога стигнав дома, се спакував за тргнување и забележав дека на моите блиски луѓе не им беше баш сеедно. Многу српски играчи пред мене одбија да играат во Албанија, бидејќи во тоа време беше нешто проблематично во северна Албанија, а јас сакав да видам како тоа изгледа. Па и да не ми се допадне, уште ништо не сум потпишал така што можам да се вратам.
На денот кога патувавме отидов во Нови Пазар и со останатите момци се спакувавме во Голф 3 по што следуваше целосно губење до крајната дестинација. Бевме многу, во мал автомобил во кој владееше тишина. Се слушаше само Дино Мерлин, омилениот пејач на фризерот – менаџер. Град во кој бев, Фиер се наоѓа во јужна Албанија меѓу Драч и Валона.
На обиколницата околу Тирана тишината и натаму продолжи, но влезот во Драч беше многу пријатен бидејќи гледавме нови хотели и згради на двете страни на патот, а летувалиштето изгледаше модерно.
Прв контакт со Албанија
Влеговме во Фиер каде се најдовме со влијателниот роднина на нашиот фризер и веднаш заминавме во ресторан каде не чекаше најдобриот пријател на роднината. Кратко шишан, снажен и со тетоважи. Тоа беше нашата прва средба со Албанец.
Кога ни се насмевма при запознавањето некако ни беше полесно. Бевме седуммина на маса: Ние играчите, менаџерот, роднината и неговиот пријател. Роднината знаеше малку српски јазик бидејќи имаше жена од Нови Пазар, а така и дојде до конекцијата со фризерот.
Брат гледам од каде може да избегаме, ова ми изгледа дека нема везе со фудбал, му реков на еден од играчите, а тој ми одговори дека имам виљушка со која можам да се бранам. Но проблемот беше што ни дадоа пластичен прибор.
И покрај сомнежот, сепак сè се одвиваше ок. Инаку градот на прв поглед нѝ изгледаше убав од нашиот осми спрат каде бевме сместени. Во весниците и на тв веќе се вртеше информација дека доаѓаат Срби во клуб и јавноста веќе знаеше дека сме таму. Следниот ден се најдовме со спортскиот директор кој ни даде да потпишеме договор со ветување дека ќе ни даде пари откако ќе го потпишеме. Се разбира ние тоа не го прифативме, тоа убедување траеше неколку дена и се создаде тензија до раб да се вратиме во Србија.
На крај потпишавме договор и после неколку дена добивме пари на рака од секретарот на клубот, еден чичко кои парите заедно со договорот нѝ ги донесе во нашиот стан со точак. И потоа нов проблем, бидејќи нè фати паника што требаше да преспиеме дома со пари. Станавме рано и се исправивме пред банка за да отвориме сметки за да ги ставиме парите. И сега можете да не замислите како стоевме пред банка, како збунети идиоти без сон. Откако парите ги ставивме на сигурно бевме подготвени за нашиот престој во Албанија. Барем јас.
Прв контакт со фудбалот
Стадионот изгледаше пристојно, на главниот терен имаше трибини на двете страни и на секоја средба на домашен терен имавме поддршка од 2 до 3.000 луѓе. До главниот терен на кои ги игравме натпреварите имаше терен со вештачка трева на која ги одржувавме тренинзите. Навивачите и управата одлично нè прифатија и во ниту еден момент не се почувствував дека не сум добредојден. На првиот меч игравме дома против Лушње, клуб кој се вика по градот кој се наоѓа на 50 км. Ни објаснија дека е подобро да испаднеме од лига, отколку да загубиме од нив на домашен терен.
Еуфоријата беше до толку голема што нашите навивачи организирано во очи на натпреварот дојдоа да ни дадат поддршка пред хотелот каде бевме во карантин. Стадионот беше полн, се навиваше гласно, добивме поддршка каква што до сега не сум имал прилика да почувствувам и наежен и спремен излегов да им објаснам како ние Србите играме фудбал.
Играв лев век и во една ситуација поминав двајцата играчи по мојата страна, центрирав во шеснаесетник, а нашиот играч постигна гол за победа од 2:1. Така ми се поклопија работите што уште на старт оставив добар впечаток кој се пренесуваше од натпревар на натпревар.
Фудбалскиот дел беше сосема добар, добивме статус на некои ѕвезди во градот и тоа беше убаво. Не можеше да се случи да прошетаме на улица, а некој да не нè застане, особено во продавница. Еден полицаец кој зборуваше српски ми бараше ЦД од Здравко Чолиќ и Лепа Брена. И ден денес ми се јавува на телефон.
Градски живот
Градот беше преку ден жив, но до 22 часот, а амбиентот малку ме потсетуваше на „Зона Замфирова“. Во две кафулиња имаше ознака „per familiar“, што значеше дека сами момци не може да влезат. Таму влегуваа девојки или мешано друштво, но ние се разбира можевме да влеземе бидејќи газдата беше фан на нашиот клуб.
Знам дека чудно нè гледаа на почеток, но после се навикнаа на нас. Во останатите кафиќи седеа претежно мажи, бидејќи девојките не седеа на места која немаше ознака „per familiar“. Тоа што ме разочара беа пекарите и слаткарниците, бидејќи се зборува дека Албанците по тоа биле познати. Тоа што забележав е што на луѓето им беше интересно што сме странци, брз разлика од каде доаѓаме.
Во принцип сè беше супер се до промената на тренерот во сред сезона. Тој донесе свои играчи, а јас некако се одржав цела година, бидејќи и покрај разните обиди да ме тргне од екипа не успеа. Имав голема поддршка од навивачите, како и од претседателот на клубот бидејќи играв многу добро. По една година морав да заминам, а исто и двајца Бразилци. Мене ми останаа убави спомени и одлично животно искуство, а пред сè пријатели со кои уште сум во контакт.
Во суштина, доаѓаме до вистинската вредност на мојата приказна, за некој кој живеел за фудбал и кој живеел од фудбал, а не бев репрезентативец на мојата земја, ниту играв во некој голем клуб. Сега после тешката повреда која ми се случи на 30 години, се занимавам со индивидуални тренирање на фудбалери со цел да ги надградам нивните вештини. Постојано им зборувам за да ги усмерам правилно, бидејќи понекогаш советот може да биде покорисен од тренингот, како и пишувањето книги на тема техники на фудбалот.