- Во Хрватска неодамна се усвоени измени на Законите за игри на среќа, а тие постепено се воведуваат и во целост ќе се применуваат од 1-ви јануари следната 2026-та.
- Во пракса тоа значи дека ќе има Регистар на исклучени играчи кој ќе го води Хрватскиот завод за јавно здравств (ХЗЈЗ). Сите вработени во кладилниците, лотариите и коцкарниците се должни да земаат податоци од играчите односно нивен ОИБ и да видат дали играчот е заведен во Регистарот на исклучени играчи. Ако е, тогаш се должни да не му дозволат коцкање ниту кладење.
- Уписот во базата на податоци е доброволен, самостоен или со помош на инстутициите како Хрватскиот завод за социјална работа, здравствена институција која се занимава со заштита на семејствата и лекување на зависноста од коцка. Освен за физичко присуство, оваа забрана ќе важи и за онлајн кладење и коцкање.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.