Околу 1.500 гледачи со долги стоечки овации ги поздравиле Карл Бер и Дик Вилијамс по трилингот во четвртото коло од Лонгвуд Челенџ Боул во 1912-та година.
Во едно јулско попладне одиграле пет фантастични сета, но пријателството не го стекнале на сончевиот терен, туку на дебел мраз. Само 12 недели пред мечот и двајцата ја преживеале можеби најголемата трагедија на 20. век - потонувањето на фамозниот Титаник.
Тогаш Карл Бер веќе бил познат тенисер на Универзитетот Јејл, а во 1907. година стигнак дури до финалето во двојки на Вимблдон. Бил и лидер во тимот на САД во Дејвис Купот. Кога се качил на бродот не размислувал многу за тенисот, туку мислел само на 19-годишната Хелена Несом.
Бер веќе бил пред крајот на својата богата кариера, а младиот Дик Вилијамс тргнал по својот тениски пат. 21-годишниот Вилијамс бил потомок на Бенџамин Френклин, имал американска крв во себе, но се родил и израснал во Европа. Тргнал кон Америка за да учествува на летниот тениски турнир пред да студира на Харвард. На Титаник се качил со татко му Чарлс.
Дик Вилијамс и татко му една вечер вечерале на бродот на маса со капетнот Едвард Смит на 14 април 1912. година пред да заминат на спиење. Непосредно пред полноќ, ги разбудил страшен удар на бродот во замрзнат брег. Таткото Чарлс на почеток не бил загрижен, затоа што со децении патувал преку Атлантикот на бродови кои ги оштетувале санти мраз, а дупките рутински биле крпени.
Но кога бил вклучен алармот за итни случаи, таткото и синот се спасиле само затоа што облекле појаси за спасување под своите капути за да се стоплат а возеле и собен велосипед во просторијата за тренирање.
На другата страна од бродот, Бер којшто бил буден кога дошло до кобниот удар ги разбудил Невсом, нејзината мајка и очувот. Кога ситуацијата станала вонредна и опасна, скокнале во чамецот за спасување и зад себе го оставиле ужасот кој станувал се поголем како што тонел Титаник.
Вилијамс се вратил назад на палубата и на својот татко му викнал: „Скокај, брзо, тоне! Но во тој момент голем оџак од бродот паднал врз татко му Чарлс и тој на лице место загинал.
Дик скокнал во мраз студената вода од -28 степени и пливал брзо кон чамците за спасување коишто биле одврзани неколку часа пред тој, Бер и уште 800 луѓе да бидат спасени со помош на бродот РМС Карпатија. Кога малиот Вилијамс го извадиле од водата, тој веќе имал хипотермија, а нозете му биле целосно помодрени. Докторот на бродот кој ги згрижил му рекол дека единствено решение да спречи гангрена е ампутација на ногата, но малиот Вилијамс одбил.
На долгиот пат до Њујорк, Вилијамс шетал на палубата на секој два часа па дури и преку ноќ само за да му се врати циркулацијата.
Карл Бер првпат го сретнал Вилијамс на бродот Карпати кој ги спасил, а три месеци подоцна заедно играле на турнир во близина на Бостон. Вилијамс во тоа време бил неверојатен талент, го освоил државното првенство на земја и државното првенство во Пенсилванија.
На турнирот во Лонгвуд феноменот Вилијамс го засенил Бер Вилијамс со атлетската спремност во првите два сета, но искусниот Бер смислил стратегија со која што ги добил следните три сета и победил 0-6, 7-9, 6-2, 6-1, 6-4. Тиражниот „Бостон Глоуб“ следниот ден пренел дека ако некој од 1.500 гледачи си отишол дома незадоволен, тогаш навистина е тешко да му се удоволи.
Бер и Карл повторно се сретнале неколку недели подоцна на Лонг Ајленд а играле и во четвртфиналето на УС Опен 1914-та година. Вилијамс тогаш лесно победил во два сета на патот кон првата од двете титули. Пред завршувањето на кариерата, Вилијамс бил дел член на Американската Дејвис Куп репрезентација која што освоила пет титули а победил и на Вимблдон во двојки. Добил и златен медал на Олимпијадата 1924.
Ветеранот Бер играл уште извесно време, но на крајот го стигнала тн. вина на преживеаниот и во 1917. година доживеал нервен слом, па кратко време поминал и во ментална институција.
Како и со многу други кои се искрцале на чамците за спасување на Титаник и Бер слушал разни приказни за својата храброст. Единствена работа која што ја рекол за најтрагичната вечер во неговиот живот била: „Тогаш само се надевавме дека има доволно чамци за сите патници“.
Via: history.com