Реал Мадрид нема да ја одбрани титулата во ЛШ, таа ќе оди во Барселона

Ништо од историскиот подвиг на Реал Мадрид да освои две титули по ред во Лига на шампиони, нешто што последен пат му успеа на Милан кога ова натпреварување се викаше Куп на Европски шампиони. Барем така вели прогнозата на УЕФА.

Според истражувањето на Европската куќа на фудбалот, најпосакуваниот трофеј во Европа на клупски план ќе оди во рацете на играчите на Барселона. Тоа е прогноза на УЕФА која се темели на следниве критериуми:

- Во последните 11 изданија во ЛШ, 10 пати трофејот го освојувал оној тим кој во групната фаза завршувал на прва позиција. Единствениот исклучок се случил во 2010-та, кога Интер под водство на Жозе Мурињо стигна до историската тројна круна.

- Ниту еден тим кој во групната фаза примил минимум 8 гола, не станал Европски првак. Оваа сезона таа цифра ја надминаа Борусија Дортмунд, Бенфика, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

- Откако Лигата на шампионите го промени својот формат, ниту еден клуб кој за прв пат ја минал групната фаза не го освоил трофејот. Лестер има слаби шанси за тоа, а најблиску беше Виљареал во 2006-та кога стигна до полуфинале каде беше елиминиран од Арсенал.

- Во последните 19 сезони Челси е единствениот тим кој стигнал до првиот трофеј во својата историја. Сите останати екипи веќе имаа претходно освоено.

Колку ќе биде точна оваа прогноза на УЕФА ќе дознаеме на 3 јуни во Кардиф. Минатата сезона погодија дека на Сан Сиро ќе се радува Реал Мадрид.

14 февруари 2017 - 13:38