Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.
По неколку години перипетии, Милош Теодосиќ синоќа ставил потпис на 2-годишен договор со ЛА Клиперс вреден 12,3 милиони долари и конечно ќе се проба во најдобрата светска лига. Што може да очекува?
Јули 2009-та: Кристијано Роналдо во Реал Мадрид за рекорден трансфер од 94 милиони евра. Јули 2017-та: Ла Лига (2), Копа дел Реј (2), Супер Куп на Шпанија (1), Лига на шампиони (3), Супер Куп на Европа (1), Светско клупско првенство (2).
Како ретко кога, наместо класичните проблеми со редовниот дожд, организаторите на најпознатиот тениски турнир на светот сега мака мачат со рој мушички кои им сметаат на играчите и гледачите.
Министерката за образование, Валерија Федели јавно му се обрати на Донарума дека убаво би било да го заокружи средното образование со полагање на матурскиот испит. Го убедува дека спортот и образованието одат заедно и дека не е прв фудбалер кој го прави тоа. Од 70 средношколци кои полагале скоро, 18 се фудбалери.
Никогаш не беше меѓу најголемите, но неговата техника и головите не беа ништо помалку спектакуларни од оние на Роналдињо во времето на Барса. Кариерата ја минува во сенка на четирикратниот добитник на „Златна Топка“.
Имаме ново убиство во фудбалот. Овој пат жртва е 19 годишниот Ангел Хехера од Венецуела, член на Манчестер Сити пратен на позајмица во Њујорк Сити. Само Оливер Кан, Стам и Гатузо за таквите како вас.
Прекарот на славниот португалски стратег е „ The Special One“, a за една Англичанка тој е „The only one“. Ја имаме најголемата обожавателка на Мурињо која јавно признава дека би го изневерила мажот за него.
Кој како оди во Кина за него се зборува дека толку му е снагата, дека оди таму да заработи убави пари и дека на топ-ниво не може да игра веќе. Но Пато во Кина се разигра како во најдобрите денови и ги оправдува парите вложени во него.
Македонската фудбалска репрезентација напредуваше две позиции на најновата ранг листа на ФИФА, но тоа е не е никаков успех кога гледаме дека во врат ни дишат играчите на кои фудбалот им е парт-тајм.
Барса со него во состав има скор од 413 победи, 103 нерешени и 67 порази. Има 30 години и до сега стигна до импресивни 30 трофеи и 507 рекордни голови од кои 94 во ЛШ и 23 во Ел Класико. Повеќе од јасно е дека продолжувањето на договорот ќе го одбележат со едно вакво видео во кое го величат.
Само двајца луѓе на планетава успеваат да заработат повеќе повеќе пари од него на тој начин, но разликата не е многу голема. Во најтесното друштво само тој и уште еден се бави со спорт.
Во пресрет на неговиот нов договор за кој медиумите пишуваат дека го потпишал до 2021 година за годишна плата од околу 32 милиони евра и откупна клаузула од 300 милиони евра, една споредба на бројот на трофеи на Меси кои ги има освоено до сега со бројот на едни тројца великани и уште еден дечко.
За точно еден месец, премиерлигашот го игра првиот претсезонски натпревар и за тоа време освен што треба да ја одржуваат тревата во топ форма, ќе треба да повнимаваат и на миризбата од гигантското макало.
Поминаа точно 13 месеци од последниот освоен Грен слем турнир на најдобриот српски тенисер кој со формата која ја држи лизна на 4-то место на АТП листата. На БиБиСи можеа да се чујат коментари за време на Вимблдон дека тоа може да се должи на приватни проблеми.
Германската фудбалска федерација повеќе од една деценија успешно го води програмот за развој на младите таленти од каде репрезентацијата црпи играчи кои на земјата ѝ носат само и само успеси.
За навивачот се знае дека е од Грузија, има 45 години и се вика Арам. Според тоа што го побарал и добил како тетоважа, се гледа дека знае одлично како да го состави најдобриот тим на Холандија на сите времиња.
Се извозеа само четири етапи од Тур де Франс, а организаторите веќе избркаа неколку топ-велосипедисти поради непочитување на правилата. Словакот Петер Саган е дисквалификуван поради тоа што со рамо го турна Кавендиш кој опасно падна на бетонот и тешко се повреди.
Кога знаеш дека си најтрофеен шкотски клуб со 54 титули, 33 Купови и 27 Лига Купови, а те елиминирал некој со постигнат еден гол на меѓународна сцена во историјата, треба да се појавиш пред јавноста со црвенило на образите кое не се брише.
Американецот Џек Сок во првото коло на Вимблдон го победи Чилеанецот Кристијан Гарин со 3:1 во сетови, но не замина задоволен затоа што на крајот од мечот се случи глупава ситуација.
По три сезони во Баер Леверкузен, Хакан Чалханоглу потпиша 4 годишен договор со Милан. Ова видео никако да не им се служи на италијанските коментатори за тоа како треба да го изговараат презимено на 23 годишниот турски репрезентативец. Уште малце ќе кажеше Шалалалала.
Во интервју за познатиот бразилски новинар Лучано Хак, Нејмар со пар реченици раскажува неколку куриозитети од кариерата и животот и го објаснува првото чувство кога влегол во соблекувалната на Камп Ноу кај своите идоли.
Ги читаш во себе четворицата од одбрана и веќе сфаќаш дека тимов е непобедлив. Па таму топка не проаѓа, а не па човек. За сите обожаватели на ретро фудбалот се навраќаме на најдобрите 11 играчи (играчишта) прогласени на Европското првенство во Белгија и Холандија
Сириецот Мотаз Салани кој во 2014-та играше за Ал-Ведат од Јордан, на мечот против Ал-Рамта го постигна најлудиот гол “шкорпион“ на сите времиња. Го прогласија за гол на годината.