Избраничките на Дибирова одиграа одлично прво полувреме кое го добија со 12:16, а по паузата успеаа да стигнат до +7 кои ги прокоцкаа. Ференцварош направи серија од 5:0 во периодот од 34-та до 41-ва минута и од тогаш мечот влезе во голема неизвесност.
Во 53 минута беше 24:24, но Вардарки успеаа да го вратат водството, а на 2 минути до крај имаа +3 кои беа доволни за сигурна победа која излезе тесна со резултат 28:29.
Најдобра на паркетот беше Пенезиќ со 9 гола, Лакрабер и Цвијиќ имаа по 5, а Радичевиќ запиша 4 погодоци. Лејно го заврши мечот со 10 одбрани.
Ракометарките на ЖРК Вардар имаат максимален учинок од 10 бода по пет кола во Лигата на шампионите и за целосен ефект во групната фаза им преостанува да го совладаат уште само Турингер, следниот петок во Јане Сандаски.