Македонските супер таленти грмат во соблекувална од радост

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години ќе биде дел од елитната квалификациска фаза за ЕП 2018 во Финска. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ падна големиот фаворитот Белгија. Во соблекувалната ечеше Македонија, Македонија.

Младите надежи кои ги води Вујадин Станојковиќ успеаа да ја добијат Белгија и тоа со целосен пресврт. Гостите поведоа по само 10 минути игра, а Елиф Елмас во 24-та и Јани Атанасов во 86-та минута од пенал беа творци на триумфот. 

Македонија е сигурен патник во елитните квалификации за Европското првенство 2018, бидејќи има 6 бода и во последното коло ќе игра против Лихтенштајн. За втората позиција во групата во директен дуел ќе се борат Белгија и Швајцарија.

Двата гола на Македонија

11 ноември 2017 - 15:53