Како ѕвездата Порзингис од Њујорк Никс се пушта на девојки

Летонецот од Њујорк Никс е еден од тројцата најдобри играчи на НБА паркетите на почетокот од сезоната. А протагонист беше и на Инстаграм каде не му оди баш најдобро со девојките.

Благодарение на чудото од Летонија кој го игра најдобриот баскет од почетокот на кариерата, Никси после години и години имаат над 50% победи во овој дел од сезоната.

Кристапс Порзингис дава во просек по 30 поени со 7.3 скока, со прецизност 51% од рекетот и 42% надвор од него. Но многумина како да подзаборавија дека се работи за момче, речиси дете од 21 година којшто уште живее како протагонист и јавна личност во еден од најубавите градови на светот а познато е што тоа носи.

Порзингис, како милиони негови врсници го поминува слободното време на социјалните мрежи, љубопитен за неверојатните ѕвезди, манекенки и модели кои таму се појавуваат. Но неговите обиди не секогаш завршуваа славно, иако пристапот кон понежниот пол не му е ниту вулгарен ниту невкусен.

Минатиот февруари суперѕвездата на Њујорк Никс „се лизна“ во обидот да освои убав модел како Абигејл Рачфорд, модел и ѕвезда која во пред извесно време позираше дури и за насловната на Sport Illustrated. Порзингис коментирал со двојно емоџи со очињата кои гледаат на страна, убеден дека може да помине неприметен од милионите фанови кои секојдневно оставаат по илјадници коментари.

Но да се биде Кристапс Порзингис значи дека те знае пола планета и ваков коментар од НБА играч особено од негова важност не помина незабележан ниту од директниот предмет на интерес која му врати со бакнеж.

Но тоа му беше единствен успех затоа што некој месец после него пратил смајли со срциња кај извесна Инес Никиќ, во тоа време малолетна манекенка од Хрватска. Преку 300 луѓе му стиснале лајк па малата родена 1999 година забележала нешто невообичаено. Во меѓувреме некој му искоментирал дека е малолетна па Кристапс се извинил дека згрешил.

Но малата многу не се трогнала од тоа што интерес за неа покажува можеби најголемата НБА ѕвезда во моментов па дрско го тагнала на фотографија каде се бакнува со некој дечко со коментар: „Порзингис кој?! Спиеш ли мирно Порзингис Кристапсу?“ 

Но сега, на растојание од неколку месеци, ситуацијата е сменета: на 3. август една голема торта за прослава 18 години го означило полнолетството на Инес, а во меѓувреме таа веќе не постирала фотографии со своето момче. Можеби сега покрај процентите на теренот, Порзингис ќе дава кошеви и надвор од паркетот.

 

@kporzee who?😜 Spavaš li mirno Porzingis Kristapsu?

A post shared by Ines Nikić (@ines_nikic) on

13 ноември 2017 - 10:55