Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.
Знае да биде досадно до коска, ама задржување на времето додека резултатот е во твоја корист е така редовна појава. Време задржуваат и голмани и тренери и деца задолжени за топки. Ама ретко кој како Лукао, играчот на бразилскиот клуб Крисиума кој ги изнервира и судии и противници и навивачи.
Иако нам ни делува светлосни години далеку помирувањето меѓу Јужна и Северна Кореја, двете земји имаат еден куп заеднички појавувања на големите спортски настани и тоа под обединето знаме, а еднаш освоиле и златен медал на Олимпијада.
Иако е дел од витешката традиција на Вимблдон поразениот да го чека победникот заедно да излезат, ретко кој од тенисерите се држи до оваа пракса па нервозно ги собира парталите и заминува во соблекувалните. Не и Надал.
Првото изненадување на турнирот и тоа најголемо го направи ветеранот од Луксембург кој го совлада Рафа Надал во пет сета. Нивниот меч кој траеше 4 и пол часа го донесе и најатрактивниот поен.
Седиш 120’ минути на клупа за резерви и гледаш како твоите гинат во четвртфинале на Светско против Костарика. Ти се брани ти се плаче. Се повредува првиот голман и селекторот те става во игра пред пеналите. А таму... Тим Крул.
Толку имаат сенс и страст за фудбалот што во секоја пригода знаат како да смислат нешто интересно. Трета лига, гужва меѓу играчите, ескалација на нервоза а од трибините се слуша музика од легендарниот Роки.
Руни се врати во Евертон од каде во 2004-та премина во Манчестер. Низ годините: рекорди, најубав гол во историјата на Премиер, тренер кој го стави во средниот ред, Лига на шампиони, замерки со Боби Чарлтон...
Основачот и прв човек на Фејсбук, милијардерот Марк Цукерберг ќе биде шеф на конзорциум на американски инвеститори кои се спремни да ги купат "Мамузите".
Сме слушнале за фудбалери кои по крајот на кариерата станале бизнисмени, келнери или мајстори, но досега немало случај на познат играч кој решил да стане свештеник.
Најчесто прашање кое се поставува во тениските кругови се спорните предадени мечеви уште во првото коло каде играчите доаѓаат неспремни и повредени, но се појавуваат само за да земат дел од хонорарот. АТП ги смени правилата и годинава воведе експеримент.
Ни самиот веќе не знае колку пати го спасил Реал Мадрид од пораз во финишот или колку пати му донел победа кога судијата веќе зема воздух три пати да свирне за крај. Што е финтата?
Напаѓачот на англиската репрезентација е во спортскиот центар на Евертон каде после медицинските тестови би требало да потпише договор со клубот кој го пушти во етерот на 16 години.
А ќе рече човек како вчера да беше. Зизу го играше последниот фудбалски меч во богатата кариера, а се посрамоти пред целиот свет со неспортски потег. Доби црвен картон во финалето на Мундијалот Франција - Италија.
Мет Вокер е 40-годишен статистичар во британското министерство за правда кој земал цела година одмор за да гледа фудбал во земјите за кои слушнал само на час по географија.
Иако според лекарите, малиот Бредли Лоуери имаше уште неколку месеци живот, целата светска јавност веруваше и се надеваше дека тој ќе може уште да се радува на фудбалот, на Сандерленд и на неговиот омилен Џермејн Дефо кој му напиша последен поздрав.
Серхио Рамос не е единствен шпански дефанзивец кој често влетува во шеснаетник и ја куца во клучни моменти. Слична жичка во главата имаше и Карлес Пујол кого го биваше за позиционирање. Тој заедно со Чави и Виља раскажуваат како на полувремето од полуфиналниот дуел против Германија на СП 2010, договарале испробана комбинација од Барселона. Голот постигнат во 73-та минута е вреден финале.
„Среќа што Роберто Карлос кој му беше цимер бил присутен во собата кога Роналдо доживеал страшен напад, го голтнал јазикот и се тресел“, вели докторот кој ги проучил сите документи и анализи околу здравствената состојба на Феноменот кој бил приморан да го игра финалето.
Поминаа шест години од последното Скудето и три сезони гледаа ЛШ на тв. Таква суша за навивачите на Милан е недозволива. Ерата на Берлускони заврши, почна кинеската од која веднаш бараат да го вратат клубот во височините. Летото е до пола, а тие веќе направија полуремонт.
Најтрофејниот шведски клуб кај кого за пет дена на гости ќе оди Вардар, не е познат само по тоа што му е прв клуб на Златан. Се работи за најбогатиот и најстабилниот клуб во земјата кој раководи многу паметно со парите и има навивачи од кои во нашите простори можат да учат.