Поради фудбалот избивале војни (Хондурас и Ел Салвадор), поради него војни се прекинувале (во Африка со цел двете завоени страни да можат да ги гледаат Дрогба и Жорж Веа). Затоа фудбалот се смета за најважната споредна работа на светот.
Но се поставува прашање колку љубители на фудбалот ги знае сите правила на оваа фантастична игра која ни го прави секојдневието поубаво? На пример зошто служи оној лак/полукруг во облик на латинична буква D на врвот од шеснаесетникот? На кој му текнало да го нацрта и зошто? Мала едукација во однос на тоа не шкоди.
Секој пат кога се изведува прекин на било кој дел од теренот, сите играчи коишто не учествуваат директно во изведувањето на прекинот мора да бидат оддалечени од топката најмалку 9,15 метри (при пенал на пример, само изведувачот и голманот мора да бидат внатре во полето, а сите останати надвор).
Кругот на средината од теренот исто така изнесува 9,15 метри.
Во случај кога се изведува пенал, на 9,15 метри од белата точка се наоѓа полукруг кој стои на врвот од шеснаесетникот во облик на D. Никој од играчите не смее да влезе во тој простор (мора да бидат оддалечени најмалку 9,15 метри од белата точка) додека не се изведе пеналот и тоа е единствен момент кога полукругот е важен за играта.