Со асистенцијата до Пандев, Џани им отвори работа на Твитерџиите

Ако играш добро ќе те кренат во облаци, ако те нема неколку натпревари ќе ти напишат 100 твитови дека си труп. Вака од прилика судат строгите англиски навивачи кои повторно ги коментираа игрите на Езџан Алиоски.

Офанзивниот крилен играч направи маестрална асистенција до Горан Пандев кој го отвори резултатот на пријателскиот меч против Норвешка кој заврши 2:0.

Сето тоа се разбира беше проследено од навивачите на Лидс кој овој пат не доби многу честитки. Едни ги пофалија.

А другите побараа од него такви топки да дели и кога игра за Лидс.

Навивачите жестото го критикуваа Алиоски во претходното коло во Чемпионшип лигата, бидејќи на Твитер се пофали дека постигнал гол на меч кој Лидс го загуби од Брентфорд со 3:1.

13 ноември 2017 - 16:10