Буфон не го заслужи ова

Нема фудбалски навивач кој не го почитува и кој не жали што интернационалната кариера му завршува на ваков тажен начин. Со солзи кои кажуваа сè. А тој во џентлменски стил изјави: Не плачам за мене, туку за италијанскиот фудбал.

Џиџи Буфон има играно на пет Мундијали (1998, 2002, 2006, 2010, 2014), а оној во Русија требаше да биде рекорд на сите времиња. Никој нема учествувано на шест. Ниту еден Пеле, ниту Кафу кои имаат по 4 учества.
 
Но иконата на италијанскиот фудбал и еден од најдобрите голмани на сите времиња е Господин во секој поглед. Тој не плачеше за себе, иако синоќа репрезентативната кариера му заврши по 20 години на најлузерскиот можен начин.
„Не плачам за себе, туку за италијанскиот фудбал. Паднавме на испит кој е значаен и за животот на нацијата. Не сум разочарам што времето проаѓа, туку што вака го завршивме“, изјави Џиџи целиот во солзи.
Италија не успеа во 180 минути игра да и даде гол на Шведска, а тоа значи предвремено збогување на Буфон од националниот тим, кое требаше да се случи во Русија.
„Тие кои играле бараж, знаат колку се тешки овие натпревари. Не успеавме да се преставиме во најдобро издание. Ни недостасуваше мир да постигнеме гол. Бараж средбите ги одлучуваат епизоди, а тие беа против нас. Тоа го сфаќате дури кога нема да успеете во мисијата“.

Овој неуспех на Италија некои го нарекоа апокалипса за италијанскиот фудбал, но Буфон го преживеа Калчополи со Јувентус и освојуваше трофеи по кам бекот од втора лига, па е сигурен дека фудбалот на Апенините ќе процвета.

„Имаме гордост, имаме сила, а и тврдоглави сме. Знаеме како да се подигнеме. Вината ќе ја поделиме меѓу нас. Не смее и нема да има жртвени јагниња. Заедно сме победувале, заедно ќе губиме и ќе се кренеме како што секогаш сме се кревале. Ја напуштам репрезентацијата, а таа знае како понатаму без мене. Им благодарам, посебно на оние кои беа со мене во ова магично патување“. 

Публиката ја свиреше шведската химна, а Буфон ја аплаудираше

 

14 ноември 2017 - 09:53