На мекици кај фудбалер на Лацио со Тозовац и Аца Лукас

На сета таа српска колонија на играчи во Серија А, не можеш да очекуваш сите да ги прифатат италијанските манири под кои се подразабира седенка во ресторан со пршутче, винце и паста. Абе син ми се роди од четврта мајка, има да пијам до 5 сабајле.

По Миа, Софија и Лара, бекот на Лацио Душан Баста конечно се израдува на машко дете. Се вика Стефан и е повод за незаборавна журка во белградската кафана Стара Песма.

Лацио во сабота го игра римското дерби или во превод мечот на сезоната за секој навивач на Лацио и Рома, ама Баста е повреден и не е во комбинација за настап, па ништо не го спречува во чест на син му да се направи летва.

Од клупските колеги Срби гo немаше Сергеј Милинковиќ Савиќ кој има репрезентативни обврски, ама затоа се појави Филип Џорџевиќ кој сезонава нема никаква минутажа кај Симоне Инѕаги.

На забавата се пиело ракија и шампањ Дом Перињон, а за музиката се делел сочен бакшиш. Изборот на Баста се состоеше од легендата Тозовац и турбо фолкерот Аца Лукас кој полни сали и кај нас.

Информацијата за раѓањето на Стефан ја сподели и неговиот клуб кој му честиташе на Душан и неговата сопруга Драгица.

Ова не е прв пат фудбалери на Лацио да ја тераат кафанската со познати српски пејачи.
 
Ја знаете ли оваа легендарна фотка со Михајловиќ и Станковиќ кои од Лацио направија трансфер во Интер и ги однесоа Адриано и Фавали на журка во друштво со Цеца?

15 ноември 2017 - 11:53