Offside

Горчлив 79-ти роденден на Вардар кој ја загуби европската битка против Рига во првиот меч од квалификациите за Конференциската лига.

Комитите не звучат јако само во ЛЕ

Градското дерби меѓу Вардар и Работнички се игра денеска (14:30) во бош време кога сите се на работа, но нејсе. Мобилизацијата на Комитите на ФБ во јубилејната 30-та година за нив и 70-та за клубот, продолжува со една песна која ја пееја една година по испаѓањето во втора лига во сезоната 2010/2011 и која се надеваат дека нема повторно да ја запеат.

Интер ли е Барса ли е?

Миланскиот клуб после долго време е прв на табелата а најголеми заслуги за тоа има тренерот Лучано Спалети кој конечно ги намести сите коцки кај „Нераѕурите“. Синоќа ја победија Сампдорија 3:2, а вториот гол на Мауро Икарди беше после акција ала-Барселона.

Дајте му ги овие 5 фунти на Арон бидејќи беше најдобар против Манчестер

9 годишен навивач на Хадерсфилд направи потег со кој ги воодушеви навивачите во Премиер лигата, клубот за кој навива и ѕвездата на тимот кој веднаш доби желба да се сретне со него.

Меси и Роналдо никогаш не гласале еден за друг

Фудбалот во последниве 10 години се врти околу нив, тие важат за едни од најдобрите на сите времиња а необично е да се види како гласаат во изборот на ФИФА.

Бетон и Раде Кончар одиграа реми

Екипата на Гранит славеше во 4. коло од Бизнис лигата на Македонија, а вториот меч заврши без победник/

Врвно тифо на германски третолигаш против Дортмунд

Иако изгубија 0:5 од фаворитот Борусија во Купот на Германија, навивачите на третолигашот Магдебург направија спектакуларна кореографија за која се зборува.

Наследникот на Болт е фудбалер од Индонезија

Теренс Пухири е за нас анонимен 21 годишен фудбалер кој игра за индонезискиот клуб Борнео. Не знаеме ништо друго за него, но силно сме убедени дека на тренинг го бркаат леопарди. 

На кого сè и како помага Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо вторпат по ред е избран за најдобар играч на светот според ФИФА. Тој им помага на Реал и на Португалија да освојуваат титули, но им помага и на обичните луѓе во светот.

Емотивното видео од збогумот на Тоти доби награда

Испраќањето на Франчесто Тоти во пензија е едно од најемотивните што може да постои кога е во прашање повлекување на некој играч од активно играње фудбал. Во Монтекарло го наградија во конкуренција на 12 други видеа.

Кој е малиот што го извади Венгер?

18-годишниот Едвард Нкетиа синоќа на мечот во Лига Купот против Норвич влезе во 85’ минута при 0-1 за гостите. Со првиот контакт израмни а во продолженијата му донесе победа на Арсенал.

Кварежма со еден потег го измести Гаел Клиши

Дербито меѓу Бешикташ и Башакшехир заврши 1-1 со голови постигнати после 90’ минута, но момент на мечот беше дриблингот на Португалецот Кварежма над Гаел Клиши.

Турскиот премиер наложил истрага за кореографијата на Галатасарај

По феноменалната кореографија на дербито против Фенербахче минатиот викенд, навивачите на Галатасарај се соочуваат со истрага за испишаната парола која наводно имала врска со Ѓуленистите.

Несторовски збрца два комада за Палермо

По четири кола без победа, фудбалерите на Палермо конечно стигнаа до 3 бода во втората италијанска лига. Сицилијанците го совладаа Карпи на гости со 1:3, а творец на победата е кој друг ако не Нестогол, кој од јануари месец немаше постигнато гол на гости.

Првите мундијалски голови на 17 годишниот Пеле

Човекот кој е поим за фудбал и кој е прогласен за најдобар играч на 20-ти век, вчера наполни 77 години. Првиот Мундијал во 1958-ма го освои како анонимен малолетник и блесна со 6 голови. Ќе се роди ли друг фудбалер на планетава кој ќе го подигне златниот пехар на три Светски првенства?

Кој сака нека дојде, сите ќе ве пројдам

Се вика Дани Мартин, игра футсал во Шпанија и кога ќе тргне од своја половина знае да влезе во филмот на Меси. На ваков гол, женска се фаќа.

Спортското лице на Audi во луксузната класа

A7 Sportback го претставува новиот дизајнерски јазик на Audi кој во голем дел се држи до ветувачкиот дизајн на концептот. Купето со четири врати поставува стандарди во луксузната класа кога станува збор за прогресивноста. Тој го отелотворува новиот стил на Гран Турер, со динамични линии, систематска дигитализација, спортско возачко искуство и разновиден концепт на простор.

Тренираше на Билјанини извори, а сега игра заедно со Леброн Џејмс

До врвот во кошарката наречен НБА, не се стигнува со врски и со легачење по плажи, туку со напорни тренинзи цел летен распуст и тоа со постарите. Патот на Џеди Осман од Охрид до Кливленд за Офф.нет го раскажуваат Весна и Исмаил, тренери во КК Колибри каде Џеди тренирал за време на летните распусти.

Како Суперболот и Џенет Џексон го основале ЈуТјуб

Во февруари 2018 година во Минесота ќе се одржи 52. Супербол на кого одново ќе настапи Џастин Тимберлејк, човекот чиј погрешен потег пред 13 години ја разголе Џенет Џексон пред 140 милиони гледачи.

Зошто ја мешате Ана Франк во ривалските препукувања?

Фракција од крајно десничарски ултраси на Лацио искористила престој на трибината на нивните вечни ривали за да им го ишкрта вториот дом и да им излепи налепници од Ана Франк во дрес на Рома како алузија на еврејството на „Џалоросите“. Бурна реакција на еврејската заедница во Рим.

Нејмар има повеќе жолти картони и од Пепе

Во неделниот класик на францускиот фудбал Марсеј - ПСЖ, Нејмар доби два жолти картони за пар минути и прво исклучување во дресот на Парижаните. Со овие картони „О’Неј“ на 25 години и 526 меча во кариерата собрал вкупно 8 црвени и 138 жолти картони. Колку за споредба силеџијата Пепе на 530 меча добил 123 жолти и 9 црвени картони.

Околу левицата на Александар Коларов

Препознатлив елемент во играта на српскиот лев бек се слободните удари. Од неговиот пријател и поранешен селектор научил многу за тоа како да ги матира голманите, а викендов ученикот го победи учителот.

Маратонец победил откако другите ја утнале рутата

Италијанецот со африканско потекло Ејоб Фаниел победил на маратонот во Венеција по бизарниот момент во кој фаворитите на трката следеле мотор кој тргнал во грешна насока.

И кога држи говор е најјак

Џиџи Буфон е људина. И кога брани и кога поздравува навивачи и кога дава изјави и кога држи говор. На 39-ти години ФИФА го прогласи за најдобар голман во светот и го смести во тимот на годината. И покрај тоа што англискиот му е клај клај, не е како другите Италијанци кои инсистираат да зборуваат на мајчин јазик. Почитта која ја имаат спрема него, се гледа во начинот на кој го гледаат од публика каде седат фаца до фаца.