Панчев Ќумбев кој е претседател на Синдикатот на фудбалери на Македонија и Саша Ќириќ како претставник од ФФМ го посетија Венцо Симоновски - Кичо.
Благодарение на нив двајца, тој по 4 години повторно ќе добие дома струја, а тие планираат да организираат хуманитарна акција за да се соберат дополнителни средства за помошта која му е потребна.
Симоновски играше за Вардар од 1983-та до 1988-ма и беше дел од генерацијата на Панчев и Најдоски кои ја освоија шампионската титула во Југославија.