
Се работи за Венцислав Симоновски - Кичо кој играше во историскиот тим на Вардар заедно со Дарко Панчев, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Тони Савевски, Васил Рингов и останатите славни фудбалери кои пред 31 година за прв пат ја освоија шампионската титула во поранешна Југославија.
Симоновски играше за Вардар од 1983-та до 1988-ма година и има 87 официјални настапи, а потоа уште четири години настапуваше за Спартак Суботица.
Левиот бек на златната генерација на Вардар сега е осамен, нема никакви приходи и четири години живее без струја, како во 19-ти век. Помош добива само од снаа му.
На социјалните мрежи веќе има реакции и предлози кој да му помогне, како и жиро сметка и телефон за контакт од Венцо.