Од втората емисија „Тоа е фудбалот“ со Златко Калински издвојуваме јака сторија поврзана со Саша Ќириќ во Германија, како и смешка со легендата Андон Дончевски од мечот Шпанија - Македонија. Во Нирнберг постои улица по име Скопје.
Ниту еден друг наш фудбалер немал таква чест кога ќе излезе на стадион да си го прочита името и да го види знамето на Македонија на цела трибина. И тоа пазете во Бундеслига. Во негова чест навивачите снимија и песна и му се заблагодарија за головите на македонски.
По скроз неочекуваните вести од Делчево, дека легенда на Вардар од златната генерација може да дојде до тоа дереџе да пати за леб, стигна првата помош од двајца поранешни македонски репрезентативци.