Поранешниот македонски репрезентативец, Саша Ќириќ имаше интересно гостување кај дечките кои прават доста фини видео подкасти под името ГГ3+.
Ќириќ во Македонија го носеше дресот на Металург, Пелистер и Вардар, а потоа направи убава и успешна кариера во Бундеслигата, каде многу малку нашинци имаат успеано.
Во Германија настапуваше од 1998-ма до крајот на кариера во 2006-та и беше член на четири екипи, Нирнберг, Тенис Борусија Берлин, Ајнтрахт Франкфурт и Кикер Офенбах.
На 14 септември 2002-ра во Нирнберг гостувал Баерн Минхен со ѕвезди од калибарот на Кан, Ковач, Балак, Салихамиџиќ, Јеремис, Елбер, Пизаро, меч на кој домаќините го очекувале голот број 1000.
За Нирнберг Саша го постигнал голот број 997, 998 и 999 и навивачите посакувале токму тој да ја постигне и јубилејната 1000-ка.
Ќириќ им стана миленик на навивачите и токму на тој меч го изненадија со огромен натпис Саша Ќириќ, а меѓу името и презимето го сместија знамето на Македонија.
„Доаѓа мечот со Баерн и навивачите направија транспарент „Дај го за нас 1000-от гол“. Балак набрзина даде гол за 0:1, а Дуле Петковиќ кој играше за нас опна пречка од 30 метри и со една утакмица ќе влезеше во историја. Во 33-та минута свирнаа пенал за нас. Ја ставав топката, гледам и си викам: Абе Кан ли е толкав станат или голот се смалил? Страв немав од никој, единствено од Филе кога ми бранеше. Во тие 2-3 секунди се мислев како да му ја шутнам, дали да ја црпнам, мое лево ли и викам јас ќе си ја опнам селската, па ако било пишано ќе ми ја фати. На крај страната ми ја процени, ја чепна малце, ама беше јака и стварно ми е драго што јас до дадов 1000-от гол и тоа не го заборавија“.
Делот за неговата популарност во Нирнберг и мечот со Баерн го имате на 19:42, а претходно на 16:13 зборува за релациите со Јоаким Лев, Андре Кепке, Феликс Магат кој сакал со негова фирма да влезе во Вардар.
Песната за Ќириќ
На 00:35 транспарент на навивачите на Нирнберг на македонски јазик.