Славниот голман на Југославија кој беше труп во Порто

Се сеќавате ли на Ивица Краљ? Првиот избор на Слободан Сантрач на СП 1998 и на Вујадин Бошков на ЕП 2000. Тој беше сè само не краљ кога се обиде да направи меѓународна кариера. Месечареше на нафрлени топки.

Летниот период за трансфери 1996-та година кој Барселона го искористи да го купи Роналдо од ПСВ, на голманската позиција се засили со Виктор Баија. Легенда на Порто со преку 500 настапи и 27 трофеи кој во тој период беше дел од листата на топ 5 голмани во светот.
 
Две години подоцна таа осетливо и одговорно место го пополни Ивица Краљ, прв голман на Партизан и селекцијата на Југославија со 24 репрезентативни настапи од кои сите 4 ги одигра за својата земја на Мундијалот во Франција.

И само што направи трансфер, 25 годишниот Црногорец роден во Котор го освои Супер Купот на Португалија и во Порто се најде во друштво со уште двајца балканци, Златко Заховиќ и репрезентативниот колега Љубинко Друловиќ.
 
Но петте трофеи со Партизан каде ја почна кариерата и меѓународното искуство со Југославија на Светско не можеа да ги сокријат слабостите на Ивица кој во Португалија стана киксер број 1, демонстрирајќи низа несреќни изведби.

Порто му даде само 7 шанси во домашното првенство и следната сезона го испрати на позајмица во Раднички Крагуевац, а на голманската позиција се врати славниот Баија, кој по деветте сезони во Порто одигра уште толку.
 
Краљ доби втора шанса за да докаже дека може да изгради меѓународна клупска кариера, но и таа не ја искористи. Му ја даде ПСВ каде за три години одигра на само 7 првенствени мечеви.

Потоа се врати, онаку каде што му беше најубаво, во Партизан каде играше уште 4 сезони, а кариерата ја заврши во словачкиот клуб Спартак Трнава.
 
Компилација со најлошите голмански проценки на Ивица Краљ.

Во четвртфиналето на ЕП 2000 прими 6 комада од Холандија, а на првиот гол реагираше како Господ да не му дал раце.

Сега е претседател на српскиот прволигаш Мачва Шабац.

8 февруари 2018 - 13:47