Во четвртиот француски град по големина (1,2 милиони жители) изби голем штрајк на фармерите. Стотини трактори ги блокираа главните патишта во Тулуз и околу него.
Фармерите протестираат против измените во Заедничката земјоделска политика на Европскиот сојуз. Буната настанала поради незадоволство од новата европска карта на земји погодни за субвенционирање. Земјоделската реформа при Европската Унија треба до 15. февруари да ги утврди реформите и тие да стапат на сила веќе оваа пролет.
Ако тоа не се изгласа, околу стотина села во реонот на Тулуз ќе ги загубат субвенциите а таму се наоѓа речиси четвртина од француското домашно производство. Притоа, пред една година од субвенции и донации биле лишени 130 села во тој реон.
Фармерите немаат намера да отстапат и веројатно протестот ќе потрае неколку дена, што значи дека средбата Тулуз - ПСЖ закажана за во сабота од 17 часот ќе се одложи.
После овој дуел, ПСЖ следната среда го чека првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Евентуално одложување на гостувањето во Тулуз ќе им овозможи на Парижаните да се спремаат за Реал цела недела.